Одѕивот на избирачите до 15 часот е 31,78 отсто, соопшти портпаролот на Државната Изборна Комисија (ДИК), Адмир Шабани на прес-конференцијата што заврши предмалку и додаде дека на 3.435 избирачки места, од каде се обработени податоци, гласале 576.576 граѓани.
Најголем одѕив, како што потенцира Шабани, има во четвртата изборна единица во која излезноста е 35,56 отсто, а најмал и натаму е во шестата изборна единица – 22,85 проценти.
Шабани притоа информира за излезнозста и во останатите Изборни единици до 15 часот – во првата е 34,51 отсто, во втората – 29,96, во третата – 37,24 отсо, во четвртата – 35,56 отсто и во петтата – 31,51 отсто.
Досега до ДИК, како што рече, не се доставени приговори.