До 17 часот, на ниво на територијата на Република Македонија, излезноста е 49.02 отсто, соопшти Државната изборна комисија, во однос на денешните локални избори.
Излезноста во главниот град Скопје, до 17 часот изнесува 50,69 отсто.
Најголема е излезноста во Вевчани, каде што гласале 72,05 отсто од регистрираните гласачи, а веднаш потоа следат Ранковце (71,36%) и Демир Капија (71,18%).
Најниска излезност според податоците на ДИК, има во Маврово и Ростуша каде што до 17 часот гласале 31,19 отсто од гласачите.
Одговорајќи на новинарски прашања, портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска истакна дека сите евидентирани прекини на одредени гласачки места траеле помалку од еден час, што значи дека гласањето секаде би требало да заврши во 19 часот.
За посебен увид во секоја од општините, можете да се информирате на овој линк.