Државната изборна комисија ќе ги добие на трајно користење просториите во кои моментално е сместена, одлучи владата а вчарашната седница.
„Владата донесе одлука со која деловниот простор во кој сега е сместена Државната изборна комисија се дава на трајно користење на ДИК, без надоместок, а примопредавањето на деловниот простор од оваа одлука ќе се изврши помеѓу Министерството за финансии и Државната изборна комисија, во рок од осум дена од денот на стапување на сила на оваа одлука“, пишува во соопштението од Влада.
Како што соопштија, оваа одлука на Владата е во согласност со акциите од планот „3-6-9“, според кои е предвидено создавање подобри услови за непречено и функционално работење на Државната изборна комисија.