На полноќ истече рокот за пријавување на иселениците кои ќе гласаат на референдумот. Се пријавиле 2.755 иселеници, кои според неофицијалните информации ќе гласаат во 33 дипломатско конзуларни претствништва. Одбиени се 100 лица со образложение дека дел од нив биле со истечени патни исправи, а дел немаат живеалиште во Македонија. Поради тоа, појаснија од ДИК, немаат право да гласаат. На избирачкиот список како иселени се запишани 87 илјади лица.
Најголем број се пријавиле во Берн – 321, во Венеција -258, Љубљана 217, Брисел 71, Рим 51, Вашингтон 45, Абу Даби 26. Гласањето на дијаспората се проценува деќа ќе чини околу 200.000 евра.
Повеќе од 5.600 граѓани извршиле увид во избирачкиот список. Запишани се 94 граѓани, а избришани се 295, (најголем број се избришани поради смртност), а промена на податоци побарале 74 избирачи.
На веб страницата на ДИК своите податоци ги провериле 16.808 избирачи. Избирачкиот список ќе биде конечно затворен на 7 септември кога ќе се знае колкав е вкупниот број на избирачи.
На иницијатива на ДИК, МВР ќе им издаде лични карти на вкупно 260 лица кои издржуваат казна затвор за да можат да го остварат своето право на глас.