Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат на „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“

0
By Нова ТВ on May 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска повторно ќе седне на иста маса со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, откако на 4. овој месец двајцата министри учествуваа на состанокот во Солун.

Димитров и Коѕијас денеска и утре ќе учествуваат на вториот состанок на министрите за надворешни работи на балканските земји и Вишеградската група, кој ќе се одржи во Сунио во близина на Атина.

Димитров, како што соопшти МНР, на покана на Коѕијас ќе учествува на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“.

Покрај стандардниот формат од минатата година во Будимпешта, каде учествуваа министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот – Грција, Бугарија, Хрватска и Романија, плус Словенија прв пат се поканети и земјите – кандидати од овој регион, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, плус Босна и Херцеговина. Земјите од Вишеградската Група ќе бидат претставени од министрите за надворешни работи на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка.

Главната дискусија на состанокот е насловена „Иднината на Европа и проширувањето на Европската унија“, на која се очекува воведни излагања и свои видувања да изнесат проминентни академици и експерти.

Министрите ќе имаат прилика да се осврнат и на прашањето околу енергетската безбедност и нејзиното значење за регионалната и меѓу-регионалната соработка.

Средбата со Коѕијас официјално не е потврдена, но е очекувана во процесот на интензивирање на преговорите за спорот околу името, а за в сабота е закажан нов состанок на двајцата министри со медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Состанокот со Нимиц ќе се одржи во Атина.

Шефовите на дипломатиите на последната средба во Солун, како што информираа, разгледувале комбинаторки за најспорните прашања – промена на Уставот и опсегот на употреба.

Димитров и Коѕијас најавија дека за разгледуваните комбинаторики ќе ги информираат премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои пак, се очекува да се сретнат на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 17 мај во Софија.

Заев вчера изјави дека сега е најдобриот и неповторлив момент да се изнајде решение за долгогодишниот проблем за името.

– Очекувам најмалку на маргините на Самитот за Западен Балкан во Софија да се видам со грчкиот премиер Ципрас и да ги искоментираме досегашните постигнувања помеѓу двајцата министри, а можеби ќе бидеме и похрабри во нашата креатива не велам не, но во секој случај вредно е да се обидеме до самиот крај. Јас давам шанса на процесот, истакна Заев.

Заменик шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос,пак вчера изрази воздржан оптимизам за можноста од изнаоѓање договор.

– Факт е дека постои прозорецот на можности, отворен е и секако интензивирани се разговорите. Но, во никој случај, не е дека е постигнат договор. Се надевам дека ќе има дополнително придвижување за прашањата. И продолжувам да сум воздржано оптимист за решение, рече Катругалос.

Димитров во Сунио ќе се сретне со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу. Средбата ќе се одржи утре, а информацијата за МИА ја потврди самиот Папандреу вчера по средбата со Ципрас.

Што покажуваат анкетите

Во период на интезивирање на процесот за решавање на долгодишниот спор, и Грција и Македонија го мерат јавното мислење.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) објави анкета, според која еден двајца граѓани (47,1 отсто) се против каква било промена на името, што по растот во 2013 година (62,3 отсто) е враќање на нивото од 2010 година (48,4 отсто).

Иако мнозинството етничките Македонци (59,6 отсто) не сакаат никаква промена, сепак, за забележување е намалување на овој став во однос на 2013 година (79,7 отсто).

Според ова истражување, „ерга омнес“ е најмалку прифатливо решение и овој став е повисок од сите претходни истражувања.

Јазот меѓу етничките Македонци и етничките Албанци во однос на решението се продлабочува. Така, кај ставовите за „зачувување на името“ наспроти „евроатлантските интеграции“, 44,6 отсто од етничките Македонци би избрале зачувување на името, а 90,1 отсто етнички Албанци би избрале евро-атлантски интеграции.

Јазот, како што се наведува, би бил најдлабок во случај на референдум за промена на името, на кој 85 отсто етнички Албанци би гласале „да“, наспроти 62 отсто на етнички Македонци кои би гласале „не“.

За 45 отсто од Грците е разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата „Прората“ за грчкиот Институт за алтернативни политики ЕНА, што на 7 мај ги објавува весникот „Етнос“.

На истото прашање, 23 отсто од анкетираните рекле дека „перспективата за признавање на ПЈРМ со сложено име што ќе го содржи терминот Македонија им предизвикува бес за оние што прифаќаат такво нешто“, 14 отсто одговориле дека се срамат што се Грци, 13 отсто се рамнодушни, додека пак пет проценти одбиле да одговорат.

Шеесет и девет проценти од анкетираните сметаат дека Македонија не претставува закана за територијалниот интегритет на Грција, наспроти 21 отсто што одговориле позитивно.

анкети балкан Вишеград Димитров Коѕијас Нимиц Папандреу Преговори за името СУнио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.