Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров-Коѕијас:Должни сме да го решиме спорот во интерес на народите

5
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас на прес конференција во Скопје порачаа дека работат на компромис во интерес на двете земји.

-Кога размислуваме за иднината тешко е да се најдат разлики, но за да се стигне до таму треба да ја надминеме актуелната разлика околу името. Задачата не е лесна, ова практично е втора вистинска средба на која разговараме за сите суштински елементи, Се работи за многу деликатен баланс. Половина ден размислувам што е важно за јавноста во Грција, а другата половина што е најважно за нас. Ако мало чекорче се направи во еден правец, целата равенка се поместува, изјави Димитров.

Тој додаде дека двете страни се обидуваат да изградат доверба, но посочи дека смета оти се уште има предрасуди.

-Мислам дека и од другата страна, се надевам Никос тоа ќе го потврди, има вистинска желба ова да се надмине, на начин што нема да понижи никого. Најважно е да не се допираат вакви прашања, но тоа не помага, затоа ќе продолжиме – рече тој додавајќи дека следната недела ќе се остварат средби со посредство на медијаторот, рече Димитров.

Коѕијас оцени дека денешната средба е чекор за решавање на проблемите кои, како што рече „не ги создадовме ние со Никола, туку ги наследивме и сега сме должни да ги решиме во интерес на иднината на нашите земји“, рече Коѕијас.

-Лесно е во политиката, особено во надворешната политика да не правиш ништо, но политичките пречки мора да се надминат и тоа ќе донесе развој. Министрите за надворешни работи, во рамки на нивните влади, имаат должност да наоѓаат решенија кои ќе го следат однесувањето на двата народи, кои се блиски и комуницираат. Веруваме во чесни договори, во еден компромис од кој во иднина двете страни ќе добијат. Никогаш не можеш да го добиеш тоа што го имаш го глава, туку тоа што е главно за себе и да го дадеш тоа што е главно за другата страна, рече Коѕиас.

Коѕијас истакна дека Грција сака компромис.

-Треба да го добиеш тоа што е главно за себе и да го дадеш она што е главно за другата страна. Но најглавно е заедниничкиот интерес во иднината. Милиони луѓе се движат меѓу двете земји, Северна Грција ги прифаќа вашите граѓани за туризам, трговија и посети. Нашите народи се многу блиски и наша должност е во иднина да ги проближиме уште повеќе, рече Коѕијас.

Одговарајќи на новинарско прашање, колку преговорите се отежнати откако на маса се наоѓаат две нацрт спогоди – на секоја од страните и прелогот на медијаторот Нимиц, Коѕијас рече дека тие се само за да ги разјаснат работите, а на крајот се ќе биде преточено во еден текс.

-На крајот она за што ќе преговараме ќе биде ставено во еден текст. Во Советот за безбедност и во ОН ќе се потврди дека проблемите се надминати и така ќе го затвориме ова прашање. Со суштински дијалог ќе имаме позитивен исход, одговори Коѕијас.

Министерот Димитров одговарајќи на новинарско прашање за тоа, дали за Македонија е прифатлив некој од предлозите, како горнамакедонија и име на словенско писмо без превод, рече дека тоа за него не е најдобар правец за преговорите.

-Во дилема сум дали да одговорам прецизно или општо. Мислам дека во сегашната привремена референца, ПЈРМ, постои името РМ со придавките и тоа име е преведливо на шесте официјални јазици во ОН и други. Мислам дека тука тешко ми е на својот народ да му кажам дека ние сме народ под тоа име, иако идентитетски под ова подразбираме поинакви работи, ние во нашата држава РМ и во регионот Македонија во Грција. Сложено име со некаква одредница со името Македонија споено е тешко да се аргументира. Ако се изговори брзо може и  да не звучи. Мислам дека е тоа тежок аргумент за мене,  можам да најдам многу аргументи дека тоа веројатно не е најдобриот правец. Но можеби некој ќе има различно мислање. За мене е многу важен моментот да најдеме достоинствена дистинкција и да не направи посебен случај од ова, обајсни Димитров.

Тој притоа потенцира дека бараат одржливо решение, а тоа е она што ќе биде прифатено од двете страни.

-Наше е да дојдеме до точка тоа да го отвориме. Иако сме различни страни и застапуваме различни гледања, ние сме на иста страна оти се одбидуваме да отвориме иднина. Противниците на копромисот влечат на другата страна и ова е натпревар меѓу иднината и минатото, рече Димитров.

-Потребно е праведно решение што нема ги решава проблемите од минатото, туку ќе содзаде и иднина и инвестиција во идните генерации и нема да созздава проблеми во иднина, рече Коѕијас, кој одговарајќи на новинарско прашање, зошто толку инсистираат на уставни промени, кога и меѓународниот договор станува дел од уставниот поредок, рече:

-Ова прашање и вашата страна ми го кажува во преговорите. Не бараме гаранции, туку  се водиме од искуството во ЕУ, со одлуки на уставниот судови со кои уставите остануваат над меѓународното право, на пример случајот со Германија, рече тој.

На новинарско барање да ги открие кои се предлозите од грчката страна и да елаборира што за него значи чесно решение на проблемот, Коѕиијас рече дека не можам за тоа да говори бидејќи е среде преговори, но додаде дека тие се водат од тоа дека во овие преговори нема да има ниту поразен ниту победник.

-Ние сме за решение кое ги зема предвид главните интереси на секоја страна и тие се лоцираат преку преговорите и во резултатот, и не сакам да ги анализирам моите позиции среде преговори.  Но во некоја друга прилика ќе ви претставам повеќе примери за какви имиња се работи. Уставните промени не се страшни, со текот на времето се прават промени, се менуваат. вашата земја има направено две помали промени. Не сакам да навлегувам во такво прашања. Неопходна е промена за да се задоволат оние кои размислуваат за заедничка иднина. Не бараме едната страна да се уништи, а другата да се радува, тоа не е ни чесно, ни морално. На крајот, не може секоја страна да прифати се што сака другата страна, истакна Коѕијас на прес конференцијата.

Додека траеше средбата, пред МНР група граѓани се собраа за да го изразат своето незадоволство од преговорите и да порачаат дека се против промена на името.

Пораките од натписите гласат “Македонија на Македонците”, “Стоп за дискриминацијата”, “Стоп за преговорите”, “Стоп за холокаустот врз Македонците” итн.

Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија.

 

Димитров Коѕијас преговори средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.