Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров бара разрешување на Мизрахи ако продолжи да го гази Уставот

0
By Нова ТВ on February 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, отстранувајќи ја таблата со официјалното име на државата не само што го погази Уставот, туку го прекрши и Законот за ратификација на Преспанскиот договор, ги проблематизира односите со соседна Грција и создаде проблеми во реализацијата на двете децениски стратешки цели на земјата – членство во НАТО и ЕУ.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на прес-конфренција рече дека Република Грција испратила вербална нота поради менувањето на таблата.

Во двата пасуа од оваа нота (со датум од седми јануари) кои Димитров ги прочита пред новинарите се вели:

„Ова претставува грубо прекршување на член 1- 3а и член 1- 7 од Договорот од Преспа, и доаѓа по повторени прекршувања на овој Договор од страна на министерот за труд и социјална политика и министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Амбасадата го посочува на внимание на министерството фактот дека Договорот од Преспа, кој преставува стожер на односите меѓу Грција и Северна Македонија и кој го овозможува влезот на Северна Македонија во НАТО и нејзината силна кандидатура за отворање на преговорите за пристапување кон Европската унија, со полна и активна поддршка од Грција мора да биде доследно и постојано почитуван“, стои меѓудругото во реакцијата испратена во форма на нота од соседна Грција.

Димитров нагласи дека државата нема да дозволи ваква инфантилност.

„Што и е работа на министерката Мизрахи и зошто, всушност, е избрана? За да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор во контекст на организирање фер и демократски избори. Министерството за труд и социјална политика не е нејзин приватен стан, како што Уставот не е обично парче хартија. На министерската може да не и се допаѓа Уставот или Договорот од Преспа, но тоа не и дава право да не ги применува. И мене не ми се допаѓа проектот Скопје 2014, но одам во МНР на работа. И мене не ми се допаѓа ригидноста на Законот за јавни служеници, затоа што на последниот конкурс не се квалификуваа извонредни кандидати поради непотполна документација, но законот мораше да се почитува. Таблата на Министерството за труд и социјална политика е јавна исправа и никој не може своеволно да ја менува. За овој настан МНР ги информираше меѓународните партнери“, рече Димитров.

Тој смета дека ќе биде премногу да се очекува од Мизрахи да го разбере историското значење на Преспанскиот договор за афирмација на македонскиот идентитет, за заокружување на државноста во Обединетите нации, за зачленување во НАТО и за започнување на пристапните преговори со Европската Унија.

„Но таа е должна да ја разбере сопствената заклетва потпишана во Собранието и сопствената функција – министер за труд и социјална политика во техничка Влада и секако да разбере што значи Устав на една држава. Флагрантното кршење на Уставот повлекува политичка и правна одговорност. Доколку веднаш своето делување не го врати во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, господинот Оливер Спасосвски да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што може да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот законик. Но тоа е веќе работа во делокруг на други државни органи“, нагласи Димитров.

Грција Димитров мизрахи нота табла уставно име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.