Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Реалноста е дека патот до ЕУ и НАТО води преку Договорот

0
By Нова ТВ on September 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 24, 2018 11:01

Доволно созреавме како општество за да се соочиме со реалноста – патот кон ЕУ и НАТО води преку Договорот со Грција за името, и таква е релноста, рече денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Никола Димитров, појаснувајќи ги сите аспекти од Договорот со Грција.

Тој посебно се задржа на објаснување на уставните промени што ќе следат по референдумот.

Уставните амандмани не се напишани и ќе ги формулира Собранието со големо квалификувнао мн оството  мнозинство, со јавна дебата, преку процес  и со цврсти роковиутрведени во деловникот. Димитров притоа ги појасни поентите на четирите амандмани за измена на Уставот.

-Едниот се однесува на герографската одредница Северна кон името Македонија Вториот се однесува на заштитата на границите и оди многу понатаму од тоа дека се гарантира неменливост на границите и поголем чекор од немање територијални претензии. Третиот амандман е заштитата за припадните на македонското национално малцинство во соседните земји, која се проширува на грижа за целата дијаспора во светот. И во делот на Преамбулата, нема да се чепка ништо од  од државно правниот наратив, од Илинденското востание, преку АСНОМ, до референдумот од 8 септември 1991, туку ќе ги конкретизира и поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ,  објасни Димитров.

На новинарско прашање, дали со измената во Уставот во однос на малцинствата, малцинствата се изедначуваат со дијаспора, Димитров рече дека се работи за изедначување на нашиот Устав со што тој ќе се приближи кон европското уставно компаративно право.

-По ова прашање имавме амандмани во 1992 година пред членството во ООН. Во уставниот амандман 2 се реафирмираше оваа грижа во однос на тоа дека не значи мешање во внатрешните работи на соседните држави. Оваа спогодба не го ослободува страните ниту нашите соседи ниту нас од обрските од претходните конвенции, како оние за човекови и малцински права. Оваа спогодба не допира таму, рече Димитров.

На изјавите дека ова прашање може да се реши и на  поинаков напин, Димитров рече:

-Сите сакаме да го решиме овој спор без промена на имеот, но реалноста е ова, рече тој појаснувајќи до кога земјава има рок за заокружување на процесот.

-На 6 дена од денеска сите заедно треба да решиме, не како партии, влада, опозиција, македонскиот народот и другите народи нашите сограѓани, дали ќе го употребиме овој клуч или не. Колку повеќе ќе кажат да, тоа ќе ни донесе стабилност, ќе создаде подобрени услови, и толку полесно ќе биде политички процес во Собранието да се формира мнозинство од 80 пратеници. Ќе се обдидеме тоа да заврши до крај на ова календарска година, рече Димитров.

Димитров рече оти се многу цврсти гаранциите за нашиот прием во Алијансата, бидејќи договорот не може да влезе во сила ако Грција во својот Парламент не ги ратификува протоколите за наше членство во НАТО.

– Ако не се случуи тоа договорот нема да стапи во сила, повтори шефот на дипломатијата.

На прес-конференцијата тој детално ги појасни сите аспекти од договорот, бидејќи, како што рече, на средбите со граѓани овие неколку седмици, увидел оти има многу дезинформации околу договорот.

Повтори дека во однос на географската одредница се додава Северна кон името Македонија.

– Државјанството ќе биде македонско/државјанин на Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи. Официјалниот јазик ќе биде „македонски јазик“. Ова е важно и со ова се афирмира македонскиоит јазик. Меѓународните кодови остануваат МК и МКД со исклукок на регистарските таблички, истакна Димитров.

Тој уште еднаш повтори дека за нас термините Македонија и македонски ја означуваат нашата териоторија, нашиот народ македонски народ, со сите одлики и атрибути со нашата историја, култура со наше културно наследство.

– Овде се идентитетските прашања. Нашето право на самоопределување и самоидентификација – факт дека ова парче земја е дел од географски поширокиот регион на Македонија, има дел и во Грција и во Бугарија. Македонија се однесува на нашата територија, народот е македонски со сите одлики, посочи Димитров.

 

Димитров Договорот со Грција прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.