Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Шпанија утре ќе го депонира инструментот за ратификација во Вашингтон

0
By Нова ТВ on March 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република  Северна Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на НАТО.

Ова денеска го појасни шефот на дипломатијата, Никола Димитров, на заедничката прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кои одржаа прес-конференција, посветена на официјализирањето на нашето членство во НАТО, откако шпанскиот Сенат вчера го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјата во Алијансата, а потоа на него потписот го стави и шпанскиот крал.

„Ќе покажеме дека можеме да бидеме достојна земја членка, која заедно ќе го носи товарот и ќе може да ги ужива бенефициите од тоа членство. Честитки татковино, честитки до сите граѓани“, порача Димитров.

Премиерот Спасовски, посочи дека овој чин заслужува честитки и признанија и во овие денови на сериозни тешки предизвици.

„Ова е успех за нашата генерација, но и за оние претходните и за идните. Денеска со полно право можете да бидете горди. Северна Македонија како членка на НАТО станува полноправен член во евроатлантското семејство на народи“, рече Спасовски.

Тој изрази верување дека членството во НАТО ќе помогне и во остварување на втората стратешка цел членството во ЕУ.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека дојдовме до крајот на едно долго патешествие во кое учествуваа повеќе генерации, политичари и граѓани.

„Станавме 30. членка на НАТО, по речиси 30 години чекање. Стигнавме до оваа цел затоа што додека другите одолговлекуваа ние решававме, ние работевме. Додека се правдаа, ние носевме одлуки, поминавме низ вистинско минско поле“, рече Шекеринска и упати особена благодарност до припадниците на Армијата.

Вицепремиерот за европски прашања Османи нагласи дека денеска се соочуваме со специфичен предизвик Ковид-19, кој не е воена, но е безбедносна закана по нашето здравје, но и за сите земји да ја одржат својата економска и безбедносна стабилност, интеграцијата во современите западни системи ни е повеќе од добродојдена.

Додаде дека за неполна недела е закажан состанот на Советот за општи и заеднички работи, а на маса ќе бидат предлог-залучоците за почеток на преговорите со РСМ, а веројатно и со Албанија.

„Сите сигнали ни говорат дека членките немаат никакви забелешки што не упатуваат да се надевам на позитивна одлука за почеток на преговорите“, рече Османи.

Вашингтон НАТО ратификација Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.