Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Сите што сакаат да се вратат во земјава, да се пријават до 18 часот

0
By Нова ТВ on March 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите македонски државјани кои се заглавени во меѓугранични простори или аеродроми, а сакаат да се вратат во земјава, да се пријават во најблиското државно конзуларно претставништво (ДКП) до денеска во 18 часот. Тоа ќе може да направат на е-маил адреси и телефоните на македонските ДКП во земјите во кои се наоѓаат или во најблиското ДКП во соседна земја или во регионот. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт најавија организирање на хуманитарни летови и конвои по што ќе треба да минат 15 дена во задолжителен државен карантин.

Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи, Никола Димиров, моментно има околу 2.300 македонски државјани од кои најмногу затечени во европските земји. Според него, пријавувањето е важно за да се има прецизна евиденција и податоци и само на тој начин ќе може веднаш да почне со организирација на летовите и конвоите.

„Сите кои се немаат пријавено, а сакаат да се вратат во земјава, да го сторат тоа до недела во 18 часот, бидејќи ова нема да биде процес што ќе се одвива континуирано. Се работи за големи трошоци, голема организација, државата нема да може редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои“, истакна Димитров и уште еднаш порача дека сега не е време за патување во странство.

Министерот најави и дека во наредните денови ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора каде има околу 70 наши граѓани. И тие ако дојдат во земјава ќе бидат ставени во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.

Се контактираат и сите земји од Шенген зоната – доколку некои граѓани, поради актуелната состојба со коронавирусот, го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици.

враќање ДКП Конвои Коронавирус летови Македонци Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.