Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров за Ла Кроa: Во идеално сценарио решение на спорот за 3 месеци

0
By Нова ТВ on April 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во идеално сценарио, решение за спорот со името може да се постигне во наредните два до три месеци, а итноста за решение е диктирана од европскиот воз, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за францускиот весник „Ла Кроа“, пренесува МИА.

Во тој контекст Димитров ги спомена Самитот за Балканот што ќе се одржи во мај во Софија, петнаесет години по Самитот во Солун, но и датумите за избори, во 2019 година ќе се одржат претседателски избори во Македонија и парламентарни избори во Грција.

– Се обидуваме да излеземе од ровот во кој се имаме закопано повеќе од дваесет години. Две европски земји кои споделуваат еден географски регион, треба да можат да најдат достоинствен начин кој ќе овозможи да се прави разлика меѓу нашата држава и регионот Македонија кој се наоѓа во Грција, без да се повреди идентитетот и достоинството на македонскиот народ, вели Димитров во интервјуто насловено „Македонија излегува од сенка“.

Посочи оти е потребно да бидеме многу внимателни кон јавното мислење во Македонија и во Грција.

– Иако нашите две земји имаат различни позиции, понекогаш се случува да се најдеме на иста страна со политичките сили кои сакаат компромис, а тоа се силите кои гледаат во иднината, а кои се спротивставуваат со силите од минатото и со национализмот, додаде тој.

На прашањето што ќе направи македонската страна со многубројните националистички споменици во Скопје, Димитров истакна дека  опсесивното свртување кон античките времиња не е здраво.

– Прибегнувајќи кон митовите, ги губиме младите генерации. Министерството за култура треба да одлучи што ќе прави со „Скопје 2014″ –  Голем архитектонски проект на антиквизација кое го спроведе предходното националистичко мнозинство. Лично, би сугерирал да се организира голем светски уметнички натпревар кој би му дал смисла на сиот тој хаос во градот. По јавна дебата, скопскиот аеродром наречен Александар Велики на големо негодување од Грција неодамна беше преименуван, нагласи шефот на дипломатијата.

Во однос на перспективите за интеграција на Македонија во ЕУ вели дека бугарското претседателство претставува одлична можност Унијата да се сврти кон Балканот.

– Патот до целосна интеграција ќе биде долг. Ако не успееме да ја донесеме Европа во Македонија, да воспоставиме правила, правда, ред, тогаш помладите генерации ќе продолжат да ја напуштаат земјата како и балканскиот регион поради недостиг на надеж. За среќа, некои и се враќаат, додава тој.

Во врска со солидарноста од страна на земјите кои беа дел од поранешна Југославија Димитров нагласи дека сега е време за надминување на расправиите.

– Дојде време ние на Балканот да ги оставиме нашите расправии – кој е најстариот народ, кој најмногу дал жртви и да ги засукаме ракавите за да инвестираме во економијата, образованието и здравството, вели тој.

Потсети дека Македонија веќе потпишала Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а минатиот декември, одржала заедничка владина седница со соседна Албанија, прва од 1991 година.

– Не сакам да звучам надмено, меѓутоа се јавува една нова енергија во регионот и таа нова динамика е делумно поттикната од Македонија, нагласи Димитров во интервју за Ла Кроа.

Грција Димитро ЕУ интервју Ла Кора Македонија Преговори за името решени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.