Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димковски: Kартички за „зелена нафта“ за 5.000 земјоделци, на останатите ќе се дополнуваат

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемувањето на поддршката за т.н. „зелена нафта“ од досегашните 30 отсто на 50 отсто не е поради изборите, туку поради коронакризата. На земјоделците овие средства им се најпотребни сега, во овој период, за да бидат што поконкурентни, зашто и цената на нафтата изминатите два месеца забележа пад, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

На прес-конференција во Владата, презентирајќки го третиот столб од последниот сет економски мерки донесени минатата недела, Димковски информира дека Договорот за картичките преку кои земјоделците ќе може да купуваат „зелена нафта“ е веќе потпишан со економскиот оператор. Поради рестриктивното движење и потребата од држење дистанца, картички ќе треба да подигнат само околу 5.000 производители – оние што не ја користеле оваа мерка. На останатите, пак, кои веќе имаат картички, тие ќе им бидат само надополнети, зависно од културите и површините со кои располагаат.

„Веднаш по подгнувањето на картичките, очекуваме земјоделците да почнат и да ги користат“, истакна Димковски, додавајќи дека за оваа мерка годинава се проектирани 4,5 милиони евра.

Министерот се осврна и на кредитот вреден 50 милиони евра од Светска банка за кој рече дека „договорот е веќе потпишан и доставен до Собранието“. Средствата ќе бидат наменети, пред сè, за изградба на трите откупно-дистрибутивни центри во Скопје, во Струмица и во Ресен. Но, дел од средствата ќе се искористат и за регистарот, односно за пописот на државното земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и пасиштата.

„Дел од парите се планирани и за изградба на кафилерија (4,5 милиони евра се грант од Европската комисија), дел за реконструкција на Платежната агенција за која се бара нова зграда и нова техничка опрема. Средства има и за едукација на земјоделците која е предвидена по отворањето на октупно-дистрибутивните центри“, нагласи Димковски.

Во врска со петте милиони евра поволни кредити преку Развојната банка што може да ги користат микро, малите и средни претпријатија, Димковски информира дека условите се значително подобрени. Се работи за постоечка, редовна кредитна линија за која е зголемен максималниот износ од 300.000 евра на 500.000 евра, рокот за отплата е зголемен на 24 месеци за обртни средства, односно на 10 години на основни средства, а камата е фиксна и изнесува два отсто.

„Може да аплицираат микро, мали и средни препијартија кои вршат примарно производство, преработка и извоз на примарни производи и преработки. Средствата може да се користат и за механизација, за набавка на тековни средства за растително и сточарско производство, за набавка на основни и тековни средства за преработка, изградба, купување или реконструкција на објекти за складирање, откуп, амбалажа, етикетирање на земјоделски производи, а во делот на извоз се поддржува набавка на разладни уреди, машини за калибрирање, изградба на нови или купување објекти за посткалибрирање“ објасни министерот.

Во однос на мерката за земјоделско земјиште напомена дека не е планирана прераспределба, туку се овозможува продажба на државно земјоделско земјиште, а целта е малите површини да се окрупнат. Притоа, предмет на продажба може да биде и државно земјиште на кое се наоѓаат фарми или придружни објекти.

„Се работи за мали, расцепкани површини за да дојде до окрупнување. По изборите се планираат нови јавни повици кои ќе стават на продажба државно земјиште под управни згради, стопански дворови, настрешници за кое сопственоста не е решена“, рече Димковски.

Според него, секоја мерка од третиот столб е креирана за поддршка на земјоделците, за зголемување на конкурентноста и продуктивноста. Образложи и дека мерките може да ги користат земјоделците регистрирани како трговци – поединци, но не и индивидуалните кои не се регистрирани како правен субјект.

Димковски на прес-конференцијата потсети дека е предвидена поддршка и на семејните агро-бизниси преку финансирање стартапи, винарии со грантови од 10.000 евра од кои 1.000 евра може да се искористат и за ангажирање на експерти, а за да се користат грантовите, земјоделците треба се регистрираат според правилниците: за мали винарии, како и за флексибилност за производи од растително или животинско потекло. Поддршка во овој сегмент, три милиони евра од буџетот на МЗШВ, е планирана и за нетрадиционални производи како лековитите и ароматични растенија.

„Со мерките се овозможува и долгорочен закуп на пасиштата, се стимулираат винарниците да произведуваат алкохолен дестилат, а мапирани се и капацитети за преработка од што на краток рок се очекуваат инвестиции од 10 милиони евра. Третиот столб од новиот пакет мерки е наменет за нови приходи во земјоделството. По завршување на здравствената криза треба да го подготвиме земјоделството, да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестиците, за опоравување и заживување на земјоделството“, подвлече Димковски.

„Зелена нафта“ Коронавирус мерки МЗШВ Трајан Димковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.