Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски до Џафери: Ги кршите процедурите за Законот за јазиците

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 11:54

Координаторот на една од 10.пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски, во отворено писмо кон собранискиот спикер, Талат Џафери, потенцира дека Џафери ги прекршувал процедурите и несоодветно работел за носењето на Законот за употреба на јазиците.

„Недозволиво е во една демократска државата која што претендира да биде дел од НАТО и ЕУ грубо да бидат погазени и прекршени сите процедури и регулатви кои се наведени во Деловникот за работа на Собранието на Репбулика Македонија. Во вашата намера побрзо да го донесете Законот за употреба на јазиците се прекршени повеќе членови од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Го прекршивте член 118 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој член јасно предвидува дека со одлука за основање на работни тела и анкетни комисии, се утврдува делокругот за работа и бројот на членови на комисиите. Во Одлуката за основање на постојани работни тела која што ја има донесено Собранието на Република Македонија на 31.05.2017 јасно и прецизно е утврдена надлежноста на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.  Во оваа одлука како надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е придвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците. Според оваа одлука Законот за употреба на јазиците треба да се разгледува на оваа комисија како матично работно тело, а не на Комисијата за европски прашања“, пишува Димовски.

Понатаму тој вели дека Џафери го прекршил и членот 135 став 4 во кој што е наведено дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ, во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум.

„Во воведот на Предлог законот за употреба на јазиците кој што е во собраниска процедура не постои и не е наведен никаков изворен акт на ЕУ со полн назив, број и датум, поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои. Со ваквата постапка го злоупотребивте европското знаеме само со една единствена цел, во многу краток рок да се донесе Законот за употреба на јазиците спротивно на деловничките одредби, праксата и регулативите. Го прекршивте и член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој член предвидува дека доколку предлог законот не е подготвен во согласно со одребите на овој деловник, а овој Закон не е подготвен согласно член 135 став 4, предлог законот не може да продолжи во понатамошна постапка“, тврди координаторот на пратенича група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој му укажува на Џафери дека бидејќи законот не бил во согласност со одредбите од Деловникот, претседателот на Законодавниот дом бил должен пред да го достави до пратениците во рок од 15 дена, да побара од предлагачаот да ги отстрани сите недостаоци и да го усогласи согласно Деловникот, а доколку предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена, тој се смета дека не е поднесен.

„Ве уверувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ се спремни за дебата, но таа дебата мора да биде во рамки на процедурата и мора да е во рамки на Уставот на Репбулика Македонија. Со цел да запре процедурата, но да продолжи дебатата за овој предлог закон кој што е од поширок интерес, согласност со член 145 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, бараме за овој предлог закон да се се спроведе јавна дискусија. На оваа јавна дискусија да ги поканиме сите засегнати субјети и стручни лица, како што се професори по македоснки јазик, професори по албански јазик, професори по турски јазик, босански јазик, српски јазик, ромски јазик, влашки јазик, да поканиме професори од сите правни факултети во Република Македонија, професори по компаративно право, практичари и уште многу други кој што отворено ќе дебатираат за потребата од донесување на вака важен закон“, предлага Илија Димовски во отвореното писмо кон Џафери.

Законот за употреба на јазиците вчера прв пат се најде на пленарна седница откако помина на Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби.

Но расправата се уште не може да се спроведе бидејќи координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, сите бараат по еден час пауза за дополнителна координација, штом започне седницата.

деловник Закон за употреба на јазици Илија Димовски Комисија за европски прашања Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.