Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски, Шекеринска и Спасовски: Успешната АНБ приказна и членството во НАТО се гарант за националната безбедност

0
By Sashko on August 31, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 31, 2021 22:30

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска организира настан по повод две години од своето основање. Настанот се одржа во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче и бројни претставници на владините институции како и на независните тела партнери во соработката на Агенцијата.

На настанот се обрати директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.

Денес, со задоволство можам да истакнам дека Агенцијата согласно целта за која е основана, веќе две години успешно ги штити националната безбедност, независноста, суверениетот, уставното уредување и основните права и слободи на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот. Свесни за нашата улога во безбедносно-разузнавачката заедница продолжуваме посветено да работиме на реформските процеси, согласно највисоките НАТО стандарди, со цел наше натамошно усовршување и овозможување на брз и ефикасен одговор на ризиците и заканите по безбедноста на државата и граѓаните. Длабоко сум уверен дека вработените во Агенцијата со својата стручност и професионализам ќе продолжат со реализација на уставните и законските надлежности преку успешно справување со тековните безбедносни предизвици на национално, регионално и глобално ниво со амбиции да станеме респектабилен и кредибилен партнер во областа на безбедноста на регионален и на поширок меѓународен план, истакна Димовски.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање на настанот истакна:

Дури и во периоди на пандемија и буџетски кратења успеавме да создадеме буџетски ресурси кои ќе ги покријат потребите на безбедносните служби. Затоа што безбедноста навистина нема цена. И ние како држава во минатото увидовме дека сето она што се смета за заштеда е само краткорочно, а вистинската инвестиција е во силни и професионални  институции кои нема да зависат од ничија политичка волја. Нашата задача како нова 30-та членка на НАТО беше да покажеме дека сме држава со институции на кои може да им се верува. Процесот на таканаречен ветинг којшто го работеа неколку институции не беше лесен. Понекогаш тие одлуки влијаеја дури и на одлуките на Владата или на претседателот. Меѓутоа, тој процес беше неопходен. И тој процес покажа дека партнерите и сојузниците, во Северна Македонија навистина имаат и знаење и искуство, имаат и сила да носат одлуки кои што се професионални. Дозволете ми во оваа прилика да се заблагодарам и на НАТО, но и на партнерските земји кои што ни помогнаа во овој процес и ни овозможија да ги научиме лекциите, да не ги учиме премногу на наши грешки, туку да изградиме солидни институции, истакна министерката за одбрана.

На настанот, во име на АНБ беа доделени благодарници на низ институции кои помогнале во работата и кои безрезервно пружиле поддршка во спроведувањето на реформите. Благодарници беа доделени на премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на ОТА, итн.

Во име на наградените се обрати министерот Спасовски кој истакна:

„Ми претставува особена чест што денеска по повод две години од формирањето и работата на Агенцијата за национална безбедност сме овде заеднички да прославиме  уште една годишнина  од  функционирање на оваа важна безбедносна институција, која претставува суштествен фактор во заштитата на безбедноста на сите наши граѓани. Пред две години во самиот зачеток на формирањето на Агенцијата за национална безбедност на сите нас ни беше јасно дека тоа претставува еден исчекор напред и  е важен политички момент за нашата држава, кога Агенцијата беше формирана како самостоен, но законски строго регулиран дел од безбедносниот систем, наместо дотогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР. Ваквата реформа на безбедносно-разузнавачките служби, која беше нужност согласно препораките од Извештајот на Рајнхард Прибе, овозможи формирање агенција по сите европски и НАТО стандарди, модерна и демократска институција. Денеска две години подоцна АНБ е етаблирана и почитувана институција како во рамки на нашата држава така и во светски рамки. Задоволство ми е да истакнам дека ние како МВР имаме одлична соработка со АНБ и токму таа меѓусебна координација резултираше со низа успешни акции. Убеден сум дека оваа одлична соработка во интерес на граѓаните ќе продолжи и во иднина и со тоа заеднички ќе придонесеме за безбедноста на државата. Уште еднаш ви ја честитам годишнината и ви посакувам многу успеси“, изјави Спасовски.

АНБ Виктор Димовски Македонија Оливер Спасовски Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.