Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Заев преку своите услови подготвува насилни сценарија

0
By Влатко Чаловски on April 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев со денеска претставените услови за учество во преговорите во Виена, уште еднаш покажал дека не се грижи за иднината на Република Македонија, за стабилноста и за немирот кој секојдневно го внесувал помеѓу граѓаните.

– Во овие денови кога нема граѓанин што не е загрижен за актуелната состојба и кога нема Македонец кој не очекува излез од кризата во која што СДСМ и Заев ја втурнаа земјата, тој продолжи со уцени и условувања кои ја туркаат државата надолу и ја продожуваат кризата до недоглед. Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата. Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза, изјави членот на ИК на партијата, Илија Димовски.

Димовски вели, Заев сакал да си ја спаси сопствената кариера држејќи ја земјава во заложништво.

– На Зоран Заев не му е важна ниту иднината на земјата, ниту иднината на граѓаните. На Зоран Заев му е важен само Зоран Заев и интересите на невладините организации под капата на Сорос. Зоран Заев со денешната одлука стави свој печат врз нападите на полицијата, демолирањето на спомен обележјата, палењето и руинирањето на институциите и сите вандалски акти кои ги згрозија жителите на оваа земја. Тој покажа дека заканите кон полицијата „Куманово пак да ви се случи“ се негови зборови изговорени од друга уста. СДСМ стои зад целото насилство кое овие денови го видовме низ Скопје и низ Македонија. Тој потврди дека ќе оди до крај во намерите да  реализира насилни сценариа во Македонија, дополни Димовски.

Тој тврди дека партијата ВМРО ДПМНЕ постојано учествувала конструктивно и се обидувала да даде целосен придонес во надминувањето на кризата и затоа го потпишале договорот од Пржино и работеле на негова имплементација.

– Сите овие отстапки од ВМРО ДПМНЕ беа доведени во прашање од Зоран Заев и СДСМ со нивното условување да се одложат изборите закажани за 24 април. ВМРО ДПМНЕ и тогаш беше конструктивна затоа што иднината на нашата земја ни беше приоритет. Прифативме предвремените парламентарни избори да се одложат за 5 јуни, иако бевме свесни дека нема ниту една рационална и логична причина за тоа. Единствената причина беше што Зоран Заев знаеше дека ја нема поддршката од граѓаните и дека неговата деструктивна политика ќе биде поразена. И денес го знае тоа, рече во својата изјава Димовски кој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на разговорите во Виена.

Виена Димовски Заев преговори протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.