Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатска активност: Македонија крои планови за извлекување на свои државјани од Авганистан

0
By Sashko on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По влошување на безбедноста состојба во Авганистан, таму сè уште има околу 100 наши државјани, но засега, како што информираа вчера Министерството за надворешни работи (МНР), сите се наоѓаат на безбедни локации. Од МНР велат дека будно се следи ситуацијата и оти некои држави веќе изразиле подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат опфатени и македонските државјани.

Според последните информации на МНР, компаниите кои ги ангажираат работниците, не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивни работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен.

На дежурните телефони во МНР се јавиле неколку граѓани кои имаат роднини или пријатели во Авганистан и се интересирале за состојбата таму, но не побарале асистенција за нивно извлекување.

Од вчерашната инструкција на нашата дипломатска мрежа за контакт со соодветните министерства за надворешни работи во земјите на нивно покривање, дел од амбасадите и конзулатите веќе се стапени во контакт и некои од пријателските земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Република Северна Македонија, наведе МНР во соопштение.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан.

Со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарав евентуална асистенција доколку се појави потреба за извлекување и на нашите граѓани таму. Добив уверување од колегата Чавушоглу дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување на наши граѓани, напиша Османи на Фејсбук.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев  објави дека Северна Македонија ги информирала САД дека стои на располагање да помогне за да се спасат животите на цивилно население од Авганистан.

Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада, ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека сме спремни да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминатите 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан, изјави Заев за МИА.

Државата, како што рече, е подготвена да обезбеди сместување во хотели и одморалишта, а оперативата и трошоците за време на нивниот престој до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД.

Поранешната државна секретарна на САД Медлин Олбрајт, пак, на Твитер се заблагодари на Албанија, на Канада, на Косово и на Северна Македонија што се согласиле да им дадат засолниште на жените и децата на лидерите на цивилното општество.

Авганистан дипломатија Извлекување Македонија планови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.