Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директор на ресенската болница осомничен за финансиски малверзации

3
By Менче Атанасова Точи on September 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривична пријава против Трајче Ничевски, директор на Здравствениот дом во Ресен поднесе СВР Битола до Основното јавно обвинителство. Во Пријавата Ничевски се товари за злоупотреба на службената положба  и овластување бидејќи во 2012 година со фиктивни фактури го оштетил буџетот на државата  во износ од  1.506.554 денари,  пари кои  биле наменети за реконструкција на Здравствениот дом во Ресен .

Во Кривичната пријава до која дојде НОВА, стои дека Ничевски како директор, по претходен договор со  Живко Котевски управител на фирмата „Модул-проект“ДООЕЛ ОД Ресен, по распишаниот оглас за избор на најповолен изведувач на санитарните јазли, стапиле во контакт со нивниот поранешен деловен партнер , односно пациент Илија Рајчиновски сопственик на ДПТУ „Конзул“од Битола и го навеле да учествува во тендерот.

Според Кривичната пријава Ничевски се сомничи дека по распишаниот оглас за најповолен изведувач за реконструкција на санитарни јазли во Здравствениот дом, склучил штетен договор со Фирмата ДПТУ „Конзул“ од Битола од милион и пол денари, а сето тоа било покриено со фиктивни фактури.

Требало да се прикаже дека парите се употребени за  тоа што биле наменети, односно демонтажа и монтажа на санитарија, фактура во износ од 89.760,21 денари, за вадење на градежен шут и негово депонирање кое чинело 65.279,69 денари, како и бојадисување на радијатори и цевки фактура во вредност од  29.732,95 денари.

Наместо работници од фирмата градежните работи ги вршеле двјца хаус мајстори од Здравствениот дом, но и за тоа биле наплатени  фиктивно  182.772,82 денари.  Извори на НОВА од Здравствениот дом потврдија дека хаус мајсторите во полицијата признале дека за направената услуга им биле дадени на рака вкупно 10 000 денари„ за да се почестат со кафе“.

mence slika 02 09 2016 (1)

Во случајот кој го тресе Здравствениот дом во Ресен, инволвирани се повеќе  луѓе и фирми. Нашите извори од Здравствениот дом велат дека возилото за итна медицинска помош наместо да пренесува пациенти служело за превоз на работниците кои местеле керамички плочки. Во Кривичната пријава стои дека ги возел еден од тројцата хаус мајстори(еден од нив починал во меѓувреме). Понатму во пријавата се вели дека Ничевски донел одлука фирмата „Македонски глас“од Прилеп да врши надзор на објектот иако истата била подизведувач, што е спротивно на Законот за судир на интереси. Финансиската полиција  констатирала дека и во овој случај директорот го оштетил буџетот со две фиктивни фактури, а надзорниот инженер вработен во оваа фирма невистинито ја завел услугата, како да ја извршила фирмата ДПТУ„ Конзул“од Битола.  Потпис и печат  на лажната фактура ставил второ пријавениот Живко Митрески. Така, освен за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување сите тројца пријавени  се осомничени и за Фалсификување на службена исправа. Котевски како управител на „Модул-проект“ДООЕЛ од Ресен направил фактура со невистината содржина за наводни услуги како што е молерисување, монтажа и демонтажа на санитарија по што фактурата ја пренасочил во фирмата „Конзул“ од каде што с е стекнале со 99 000 денари. Тој е осомничен и за Фалсификување и уништување на деловни книги, според чл.280.ст.3 од Кривичниот Закон, стои во Кривичната пријава до која дојде НОВА.

mence slika 02 09 20161 (1)

Во СВР Битола за НОВА потврдија дека до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против директорот на Здравствениот дом, Трајче Ничевски и уште двајца осомничени за соучесништво.

Во, Министерството за здравство велат дека во оваа институција досега  не е доставен предмет за покрената кривична пријава против наведениот директор.

„Согласно закон, предмети од ваков тип се во надлежност на Основното јавно обвинителство и останатите органи на прогонот. Доколку оценат дека има потреба, надлежните органи се обраќаат за дополнителни информации до Министерството за здравство, кое во континуитет е отворено за соработка.  Воедно, Министерството за здравство целосно ги поддржува постапките на надлежните органи и стои на располагање за комуникација и соработка со истите“се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Ортопедот Трајче Ничевски на функцијата директор се наоѓа цели десет години. За НОВА тврди дека целта на Кривичната пријава која била поднесена анонимно, е да го деградираат и оцрнат бидејќи во последните неколку години бил во ТОП пет директори на Тодоров.

„Се е сработено според закон на електронска аукција, се е покриено со документи, со банкарска гаранција. Кривичната пријава уште не сум ја добил, но доаѓаа тука инспектори од полиција, со месеци проверуваа по документите. Се се темели на „рекла-казала“, а целта е да бидам оцрнет од некои личности. На Суд ќе се докаже се“, изјави за НОВА, Ничевски.

Што ќе докаже и каква одлука ќе донесе Судот останува да се види понатаму.  Сепак, ресенската јавност од поодамна шпекулира за раздорот и поделеноста во редовите на ВМРО ДПМНЕ во нивниот град. Дали овие обвинувања на сметка на директорот се дел од меѓусебните пресметки или ќе се докаже постоење на криминал во Здравствениот дом, за што е осомничен директорот, треба да пресече Судот.

директор Кривична пријава осомничени Ресен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.