Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на домот „25 Мај“ чувствува морална одговорност

1
By Нова ТВ on February 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на домот „25 Мај“, чувствува морална одговорност за сексуалното  злоставување на тринаесетгодишната малолетничка.

-Јас од морален аспект секако дека чувствувам одговорност и не може да ми е сеедно, апсолутно, Најодговорно тврдам дека никој од установата ниту бил инволвиран, ниту злоупотребувал деца, ниту ги наведувал на некакви негативни дејанија. Сето тоа што се случувало надвор од установата, вели Стево Соколовски, директор на јавната установа за деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“, во изјава за ТВ 24.

Тој најавува дека во понеделник заедно со министерката за труд Мила Царовска ќе излезат со повеќе детали за случајот кој ја вознемири Македонија.

Шокантниот случај на злоставувавното 13 годишно ромско девојче го обелодени пред два дена Европскиот центар за правата на Ромите, кое, како што тврдат било изложено на сексуално злоставување како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје.

МВР соопшти дека девојчето штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, од крајот на 2016 и во текот на 2017 година и 2018 година девет пати било пријавувано за исчезнато лице од страна на вработени во социјално-згрижувачките установи, при што во сите девет случаи.

Во документираните случаи, МВР разговарале со лица инволвирани во незаконски дејствија од областа на кривични дела против половата слобода, за што се направени детални известувања доставени во надлежното ОЈО за натамошно постапување.

МТСП тврди дека за посочената малолетничка имало посебна грижа, но тоа не дало никакви резултати.

Секој пат кога девојчето го снемувало од Домот, старателот пријавувал во МВР.

Од Министерството негираат дека таа била жртва и на социјален работник.

УНИЦЕФ смета дека случајот со злоупотребата на малолетното девојче од јавната установа е показател дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Според претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, решение треба да се бара во трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина како мали групни домови, но и во зајакнување на капацитетите на социјалните служби, полицијата и вработените во образованието и здравството.

Од Меѓаши пак апелираат на поголема одговорност од надлежните институции.

Според кривичниот законик, на злоставувачот му се закануваат најмалку 12 години затвор. Но, обвинителството допрва треба да утврди против колку лица ќе се води постапка за полов напад врз малолетник кој е помал од 14 години. Од Јавното обвинителство не одговорија дали веќе има оформено предмет.

Според извештајот на Европскиот центар за правата на Ромите покрај овој случај, постоеле уште два случаи кои исто така биле штитенички на домот за згрижување деца 25 Мај и двете сестри биле на возраст од 13 години и 16 години.

13 годишно девојле детска амбасада Меѓаши директор дом 25 мај злоставувано УНИЦЕФ Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.