Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот поднесе оставка, се истражува за претходниот старател

1
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, Стевчо Соколовски денеска поднесе оставка.

Во соопштението од Министерството за труд и социјална политика се наведува дека оставката е од морални причини, но дека со тоа не запира испитувањето на случајот.

-Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето. Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва, се вели во соопштението.

Од Министерството велат дека случајот на Р.И. ги покажал аномалиите на како што велат „разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик“.

Исто така нагласуваат дека во насока на подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик, Министерството за труд и социјална интензивно работи на процесот на деинституционализација.

Најавуваат дека до средината на оваа година, ќе започне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови, што пак ќе овозможи индивидуален пристап кон секое дете, подобра грижа и значително намалување на ризикот од вакви несакани настани.

Како што објави НОВАТВ вчера, Европскиот центар за права на Ромите уште на 1 август лани доставиле кривична пријава до Основното јавно обвинителство, со која барале да се утврди одговорност  од домот, старателот на девојчето, но и кривично да се гонат одговорните за сексуалното изживување врз детето.

Сенада Сали од ЕЦПР за Нова ТВ, вели дека обвинителот и рекол дека била дадена наредба до надлежен инспектор од МВР да изврши истражување во Домот за деца. Но , тука завршило се.

Поради игнорантскиот однос на јавното обвинителство, ЕЦПР доставиле и приватна тужба до судот со која бараат исто така да се утврди одговорност од домот, старателот и силувачите. Тужбата е поднесена на 17 јануари, а како баратели се потпишани родителите на девојчето.

За кошмарот што го доживело девојчето, биле информирани и во Центарот за социјални работи од каде била побарана помош за покренување на кривичната пријава. Но, од таму одговориле дека не утврдиле никаква одговорност  во Домот „25 мај“.

директор дом 25 мај ЕЦПР кривичја ОЈО оставка силувано девојче старател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.