Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ОЈО шест месеци знаеле за случајот со злоставуваното девојче

3
By Нова ТВ on February 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 18, 2018 20:35

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека денеска ќе се знае дали и кој ќе понесе одговорност.

Ниту една институција не реагирала на случајот со малолетното девојче од Домот за деца „25 Мај“ во Скопје, кое било неколкупати сексуално злоставувано.

Алармот бил вклучен уште на 1 август минатата година кога Европскиот центар за права на Ромите доставиле кривична пријава до Основното јавно обвинителство, со која барале да се утврди одговорност  од домот, старателот на девојчето, но и кривично да се гонат одговорните за сексуалното изживување врз детето.

Сенада Сали од ЕЦПР за Нова ТВ, вели дека обвинителот и рекол дека била дадена наредба до надлежен инспектор од МВР да изврши истражување во Домот за деца. Но , тука завршило се.

Од тогаш  поминале повеќе од 6 месеци, а се уште не е покренато обвинение против никого. И додека институциите си ја префрлале одговорноста и ниту една не презела било каква реакција , хоророт продолжил.

Девојчето, кое во меѓувреме го префрлуваат во домот за згрижување „Ранка Милановиќ“, останува бремено како резултат на сексуално насилство.

Поради игнорантскиот однос на јавното обвинителство, ЕЦПР доставиле и приватна тужба до судот со која бараат исто така да се утврди одговорност од домот, старателот и силувачите. Тужбата е поднесена на 17 јануари, а како баратели се потпишани родителите на девојчето.

За кошмарот што го доживело девојчето, биле информирани и во Центарот за социјални работи од каде била побарана помош за покренување на кривичната пријава. Но, од таму одговориле дека не утврдиле никаква одговорност  во Домот „25 мај“.

Писмото што го испратиле до ЕЦПР  е со датум од 23. мај 2017 година во кое пишува:

„Во врска со поднесено барање за поведување на судска постапка против старателот на детето и против домот домот за деца без родители: непостои неправилно постапување од страна на поставениот старател и од страна на одговорните лица во домот за деца без родители 25 мај, Бутел, Скопје“.

Со ова, државата која требала да го штити малолетното дете, неколкупати потфрлила. Не само што дозволила под нејзина „заштита“ девојчето да биде злоупотребувано и злоставувано, туку и било ускратено и правото за било каква правна помош.

Државното старателство во ниту еден случај не може да значи само храна и покрив на глава, уште повеќе кога се знае дека се работи за малолетни деца кои се напуштени од родителите.

Кога државата ја презема одговорноста за грижа и заштита на дете, сместувајќи го во установа од ваков тип потребно е во континуитет да се преземаат мерки за заштита на правата на детето и превенција од секаков вид на злоупотреба, занемарување или малтретирање, вклучувајќи и сексуална експолатација, а на што впрочем упатува и член 19 од Конвенцијата за правата на детето, констатира Народниот правобранител.

„Народниот правобранител заради утврдување на состојбата ги посети Јавните установи за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение ’25 Мај’ и ‘Ранка Милановиќ’, при што изврши увид во документацијата и разговараше со одговорните лица, како и со малолетничката. Притоа неспорно констатира дека станува збор за дете во ризик, на чии родители им е одземено родителското право ѝ е под старателство на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје. Во горенаведената институција детето е сместено од декември 2016 година и повеќе пати, според негово кажување, самоволно ја напуштала институцијата. За Народниот правобранител неспорно е дека наведените установи се од отворен тип што значи дека штитениците во секое време можат да ја напуштат установата. Но, со оглед на тоа што станува збор за деца во ризик со назначен старател од државен орган смета дека надлежните затаиле во овој случај. Наведеното од причина што не покажале интерес да ги утврдат причините за честото напуштање на домот од страна на малолетничката, како и за тоа каде и со кого го поминувала времето по напуштање на Установата“, се вели во соопштението на Народниот правобранител.

Случајот со 13 годишното девојче, во јавноста го обелоденија од ЕПЦР .

-На 1 март 2017 година, ЕЦПР добиле информација од нејзините родители дека девојчето исчезнало од домот „25 Мај“. „Одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција, ниту на нејзините родители. Според нејзиното сведочење, пред откриеното сексуално злоставување на ромски девојки под државна заштита во Македонија, девојката била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Успеала да избега по 30 дена и да се качи на автобус за Скопје каде полицијата ја нашла на Бит-пазар, наведуваат од организацијата.

дом 25 мај злоставувано девојче Кривична пријава МВР одговорност ОЈО Центар за социјални работи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.