Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК укажува за законските одредби поврзани со Локалните избори 2025

0
By Marija Todorovska on August 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 11, 2025 15:50

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со цел навремено и транспарентно информирање на сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес како и јавноста за законитоста на користењето и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик денеска испрати укажување на следните состојби за период од денот на донесување на одлуката за распишувањето на Локални избори во Република Северна Македонија во 2025 година па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје.

Во овој период има забрана за нови инвестиции и вонредни исплати односно, како што се наведува во соопштението не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година. Не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори, а не може да се започне и постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, додека започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Од ДКСК укажуваат и на забрана за користење противправни и анонимни извори на финансирање за време на избори.

Политичката партија или кандидатот на изборите не смеат да прибираат и користат средства противправно или од анонимни извори, се наведува во соопштението.

Исто така не може имотот во сопственост на: Република Северна Македонија или на единиците на локалната самоуправа или буџетски средства или средства од јавни фондови, јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица што располагаат со државен капитал, преку инвестициони работи или на друг начин, да се користат за изборна кампања или за финансирање на друга политичка активност.

Од Антикорупциска посочуваат и дека не смее да се врши поткуп при избори и гласање, давање или ветување подарок или друга корист за себе или за друг, на избирач при избори, за да гласа или да не гласа или да гласа за определен кандидат.

Во периодот од 20 дена пред започнувањето на изборна кампања до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, не може да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти.

Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до нивно завршување согласно со резултатите од изборите, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период и Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на веб страницата на Министерството за финансии.

Забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста.

Во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни до ДКСК да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат, во електронска форма на образец пропишан од  Државната изборна комисија, објавен на веб страницата на ДКСК.

Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица.

ДКСК, како што се нагласува, ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик. ДКСК ќе ги смета за одговорност на одговорните лица на државните органи и други субјекти, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување.

Во периодот на спроведување на активностите поврзани со Локалните избори во Република Северна Македонија 2025 година односно, изборите за избор на  членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје, ДКСК согласно одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси нeма надлежност и не дава мислења по доставени барања за мислења поврзани со начинот на постапување на органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата.

ДКСК, како што се наведува, во функција на следењето и контролата на законитоста на финансирањето на изборната кампања и на севкупниот изборен процес ќе остварува непосредна соработка со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните и за таа цел ја охрабрува целокупната јавност навремено да пријавува случаи на прекршување на забраните утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и во Изборниот законик. 

ДКСК локални избори политички партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.