Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Четири починати лица, 13 новозаболени и 53 излекувани

0
By Нова ТВ on April 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: skopskoeho.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2020 15:13

Четворица починати, 13 новозаболени лица и 53 излекувани е билансот за ковид-19 во земјата за последните 24 часа, истакнуваат од Министерството за здравство (МЗ). Два смртни случаја се регистриани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје каде битката со коронавирусот ја загубија 58 годишна пациентка од тетовско Желино која била примена на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, хоспитализирана на 15 април. Двете пациентки имале и висок крвен притисок.

Во ГОБ „8 Септември“ почина 47 годишен пациент од Куманово кој бил примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време бил приклучен на респираторна машина. Почина и 66 годишен пациент од Битола, кој во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза се лекуваше во Клиничката болница во градот.

Министерството за здравство соопштува дека Институтот за јавно здравје денеска регистрира 53 оздравени од ковид-19 и тоа во Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1 и Кочани – 4.

Во изминатите 24 часа се направени вкупно 289 тестирања од кои се детектирани 13 нови случаи со ковид-19 и тоа во: Скопје – 4, Куманово – 5, Прилеп – 2 и Тетово – 2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани лица со коронавирус во земјата изнесува 1.399, а последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 475

Куманово – 376

Дебар – 51

Штип – 34

Прилеп – 143

Тетово – 75

Струга – 64

Велес – 66

Битола – 19

Охрид – 15

Кавадарци – 5

Гостивар – 15

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка – 5

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 28

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино – 4

Демир Хисар – 1

Македонски Брод – 2

Пехчево – 1

Валандово – 1

Виница – 2

Направените 289 теста се преку Институтот за јавно здравје – 226, Ветеринарен факултет – 9, „Авицена“ – 12, „Систина“ со PCR метода – 38 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив, 18 имаат потешка клиничка слика и добиваат кислородна поддршка, а пет пациенти се поставени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се седум пациенти, а четири имаат потешка клиничка слика.

Во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани седум лица, а се следат вкупно осум пациенти во домашно лекување, додека во Клиничката болницаа во Штип се лекуваат двајца пациенти, а се следат уште девет. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, во Велес и во Прилеп се хоспитализирани вкупно 50 пациенти, потврдени и суспектни на ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.