Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доаѓањето на Матис – огромен сигнал за Македонија

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Politico
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 13, 2018 14:52

Посетата на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на Македонија, што треба да се оствари овој викенд, е огромен сигнал дека сите овие процеси се важни за Вашингтон, бидејќи главниот интерес на Вашингтон на Балканот е стабилност и да нема нови проблеми во регионот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров по средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати.

Во однос на интензивните посети на истакнати европски и светски дипломати на Македонија пред претстојниот референдум, Димитров рече оти светот видел решителност на Македонија да се соочи со проблемите, да ги затвори заедно со соседите, и да тргне напред и тоа, рече, е во основата на силната дипломатска поддршка.

– Во светот во моментов има премалку решавање на крупни проблеми. Ова е проблем што нас не држеше заклучени и назад три децении и оттука ова е шанса не само за Македонија, туку и за Балканот и за цела Европа да се затвори едно прашање, да се направи напредок и чекор кон просперитет и кон стабилност пред се за нас но и за целиот регион, рече Димитров.

Во врска со неодамнешните коментари во медиумите дека за првиот референдум за независност во 1991 година немало толку посети на странски дипломати, Димитров рече оти доколку имало, веројатно Македонија немала да чека две години од референдумот до членството во Обединетите нации.

Посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и ЕУ, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.

– В понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, изјави вчера Шекеринска во Кочани.

– Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и да им ставам до знаење дека Вашингтон го поддржува македонскиот народ, стои во неговата изјава и се додава загриженоста дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес, изјави спроти посетата Матис.

Дојче Веле објави дека посетата на Матис е поврзана со неговата загриженост за Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.

Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот.

 

Димитров Матис Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.