Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДВ: Матис во Македонија поради можно руско влијание врз референдумот

3
By Нова ТВ on September 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 12, 2018 12:48

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во вторникот најави дека ќе ја посети Македонија пред референдумот на 30 септември за промена на името, изразувајќи притоа загриженост поради наводно руско мешање, објави Дојче Веле.

Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.

„Демократиите треба да бидат оставени намира“, рече Матис.

„Доколку нивниот амбасадор сака нешто да изјави, тоа е едно. Но проблемите кои Русија ги создаде од Естонија до САД, од Украина и сега во Македонија, тоа е секогаш прилагодено на одредена ситуација и секогаш е надвор од сите правила“.

„Ќе отидам таму за да ставам многу јасно до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“.

Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот. В четврток во земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Прашањето за мешањето на Москва и обидите за уривање на Договорот од Преспа се актуелизираа откако Грција летово исфрли двајца руски дипломати од земјата. Македонскиот премиер Заев потоа тврдеше дека дел од протестите и насилствата во неговата земја против договорот со Грција биле спонзорирани од грчки бизнисмени со руски врски.

Македонија Матис посета референдум руско влијание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

ВЕСТИ July 20, 2026

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија стана светски првак на турнирот што се одржа во 2026…

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.