Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добредојдовте во „златната ера“

0
By Marija Todorovska on January 21, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2025 12:53

Редакциите во голем број светски медиуми оценија дека Трамп во своите говори, кои очигледно беа надвор од сценариото на неговите настапи, искажа најмалку 20 лаги. Зборуваше за иднината врз основа на непроверливи ставови. Истури лавина од изрази со кои целосно ја омаловажи администрацијата на неговиот претходник, претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. А сето тоа го поткрепи со потпишување извршни наредби со кои анулираше дури 78 политики, односно законски мерки на поранешниот претседател.

Џабир Дерала

Mногумина кажале дека Доналд Трамп е шоумејкер и веројатно се во право, особено ако мислат на евтина забава за „широки народни маси“. Секако, не е некој посебно надарен, а ниту единствен шоумејкер, но со сигурност може да се каже дека во моментов е најмоќниот шоумејкер на светската политичка сцена. И многу е упорен – тоа и го донесе на престолот на моќта во Овалната соба. Тоа и донациите од стотици милиони долари од најбогатите луѓе во светот. Инаку, Трамп е само уште еден популист, какви што има насекаде во светот, а кои се во незапирлив подем. Тие обезбедуваат евтина забава, со трикови што побудуваат емоции кај групи и заедници кои се засегнати, исплашени и изманипулирани – или се задоени со омраза.

Многу илјадници редови и огромен број часови телевизиска програма, извештаи и панел дискусии беа продуцирани за време на речиси 12-часовната инаугуративна програма во Вашингтон на 20 јануари 2025 година. По сето тоа, не останува многу да се каже.

Трамп е повторно на власт. Сега уште посигурен и поагресивен отколку во неговиот прв мандат (2017-2020). Неговата инаугурација во голема мера покажа како ќе изгледа неговото владеење со најмоќната држава во светот. По сето тоа што го кажа, а и со тоа што не го кажа новиот американски претседател во трите говори за време на церемониите и настаните на неговата инаугурација, со сигурност може да се каже барем едно нешто – Америка и светот се пред нови неизвесности.

И лагите. Тие се веќе пословични кога се работи за Трамп. Еден од новинарите на Си-ен-ен во еден момент за време на специјалната програма ја евоцира оценката од претседателската дебата со сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден – една лага во минута. Своевремено, Вашингтон Пост изброи 20,573 лаги што ги кажал за време на првиот мандат.

Редакциите во голем број светски медиуми оценија дека Трамп во своите говори, кои очигледно беа надвор од сценариото на неговите настапи, искажа најмалку 20 лаги. Зборуваше за иднината врз основа на непроверливи ставови. Истури лавина од изрази со кои целосно ја омаловажи администрацијата на неговиот претходник, претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. А сето тоа го поткрепи со потпишување извршни наредби со кои анулираше дури 78 политики, односно законски мерки на поранешниот претседател.

Издаде наредба до федералните институции да се работат на намалување на трошоците за живот и нареди да се запре владината цензура – што и да му значи и како и да го замислува тоа. Се повлече од Париската спогодба за борба против климатските промени. Потпиша указ со кој во земјата има само два пола, машки и женски. Помилува или им ги намали казните на напаѓачите на Капитол од 6 јануари 2021 година, нарекувајќи ги – заложници. За ослободувањето на тие „заложници“ од 6-јануарскиот напад, Трамп говореше пред 20-илјадната маса во Арената Капитол 1, додека зад него беа построени членовите на семејствата на вистински заложници, оние што ги киднапира Хамас во нападот на 7 октомври 2023. Прогласи национална вонредна состојба на границата со Мексико! Наводно, владата треба да ја преземе контролата врз „катастрофалната ситуација“ со цел да ја сопре „инвазијата“ на имигранти за време на владеењето на Бајден.

Кажа дека државите ширум светот ги празнат своите затвори и ментални институции и ги испраќаат криминалците и ментално болните во САД.

Доналд Трамп, новиот американски претседател, ја започна културната војна во својата земја и отвори нова ера на несигурност во светот. Патот му го истапка подемот на авторитаризмот и популизмот, но и неуспесите и нерешителноста на демократските сили во клучни моменти.

Започна ера, која Трамп ја нарече „златна“ за Америка.

Демократијата, еднаквоста, човековите права, соработката меѓу државите во светот, војната и мирот – од денеска ќе зависат од визиите и дефинициите на Трамп, неговиот тим и милијардерите кои претежно доаѓаат од сферата на високата технологија и комуникациите.

Кога сме веќе кај нив – милијардерите – меѓу сите дамки, лаги, неизвесности и стравови што ги предизвикаа говорите за време на инаугурацијата на Трамп, можеме да завршиме со гестот на Илон Маск од говорницата во Арената Капитол 1, кој застрашувачки потсети на наци поздрав.

Добредојдовте во „златната ера“.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

златна ера Илон Маск САД Трамп Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.