Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Додик за „Ел мундо“: БиХ е промашен проект, требa цивилизирано да се разделиме

0
By Sashko on January 23, 2022 РЕГИОН
Milorad Dodik, President of Republika Srpska, speaks in Pale, Bosnia and Herzegovina, September 25, 2016. REUTERS/Dado Ruvic
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во интервју за шпанскиот весник „Ел мундо“ рече дека „БиХ е пропаднат проект“ и оти најдоброто решение за земјата е „Бошњаците, Србите и Хрватите да се разделат на цивилизиран начин“.

БиХ нема да може да опстане од истата причина поради која не преживеа Југославија. Во БиХ има три народи. Два од нив, Хрватите и Србите, се многу незадоволни. Муслиманите сакаат да создадат унитарна држава во која тие би биле доминантен народ. Нашата политика не е насочена кон отцепување. Зборуваме за друга можност, врз основа на оценката дека БиХ нема да биде успешна како држава. Ако е така, најдобро е да се разделиме на цивилизиран начин, рече Додик (63).

Тој нагласи дека Србите нема да „започнат војна за да се отцепат“, но повтори дека е најдобро е да се разделат „ако не може да се живее заедно“. Тој посочи дека Србите „го бранат политичкиот процес“ кон постигнување на таа цел и дека приказните за можна војна се „бесмислени“.

Тој, исто така, рече дека БиХ постои како држава само поради притисокот од меѓународната заедница.

Тоа е експеримент на странци. Првата работа што ја предлагам е странците да престанат да ја водат оваа земја, бидејќи таа е единствената колонија што моментално постои во Европа. Нека нè остават да најдеме консензус, ако е можно, рече тој.

Додик смета дека високиот европски претставник, Кристијан Шмит нема право да воведува закон во БиХ.

„На изборите пред три години освоив најмногу гласови, многу повеќе од двајца мои колеги од Претседателството заедно. А сега доаѓа тој Германец и вели дека иднината на БиХ нема да се конституира со Додик. Што се замислува, кој е тој? – БиХ е неуспешен проект, БиХ се соочува со тешка криза. Оваа криза не се појави сега, таа отсекогаш била таму. БиХ е синоним за криза, заклучи Додик.

„Ел мундо“ БиХ интервју Милорад Додик регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.