Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!

0
By Marija Todorovska on February 19, 2025 ИЗБОР
Фото: ТАСС
Фото: ТАСС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2025 12:21

Додека рускиот агресор продолжува со својата крвава инвазија врз Украина, Трамп отворено застанува на страната на диктаторот и воениот злосторник, Путин! Наместо да застане во одбрана на слободата и праведниот мир, тој ја турка Америка кон срамна капитулација и соучесништво со Путин!

Џабир Дерала 

Историјата не им простува на оние кои поклонуваат пред тиранијата. Ако Америка застане на страната на Путин, ќе биде запаметена не како суперсила, туку како понижена земја.

Дали ова навистина се случува!? Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој дома си ја турка авторитарната агенда, изгледа како да се здружи со диктаторот и воен злосторник Путин – и ја обвини Украина дека ја започнала војната! Ова мора да расчисти веднаш и да се запамети: Трамповото додворување кон еден воен злосторник не е само кукавичлук — тоа е предавство на секој Американец кој некогаш се борел за слобода. Ова е тежок удар врз совеста и моралот на светот!

Државата терорист која пред три години, во стилот на Хитлер, изврши целосна воена инвазија против Украина, независна и суверена држава во Европа, сега седи на преговарачка маса со САД – сцена која ниту еден разумен човек не можеше ни да ја замисли. Кога ќе погледне човек како се водат преговори за Украина без Украина, единствените зборови со кои тоа може да го опише се предавство и капитулација. Подеднакво неприфатливо, тие преговори се водат и без Европа – каде што се наоѓа Украина – на чија почва руските трупи извршија и продолжуваат да извршуваат ужасни воени злосторства, „оправдани“ со геноцидната идеологија на Кремљ. Дали ова е она што Трамп го нарекува „ставање крај на војната“? Тоа е невозможно! Тоа не е ништо освен одобрување и поддршка на воените агресии, воените злосторства и геноцидот.

Америка мора да се разбуди. Сега! Ова не е прашање на левица или десница, Демократи или Републиканци. Ова е прашање на демократијата против диктатурата, вистината против лагите, правдата против геноцидот. Лидерот кој се поклонува пред диктатори не е некој што води – тој само срамно се покорува.

Ако граѓаните на САД не сакаат нивната земја да стане вазал на Русија, тие мораат да стават крај на срамните, неморални ставови на нивниот претседател.

И Европа! Европа мора да застане цврсто и да се одбрани од тоа што доаѓа.

Да се каже НЕ на Трамп сега не е само избор – тоа е морална обврска за Американците и светот. Да му се каже НЕ на Трамп сега, значи му да се каже НЕ на Путин, и тоа не е само оправдано, туку и итно и неопходно – токму како што беше морално и човечки да им се каже НЕ на Хитлер и Мусолини пред 85 години.

Нема ниту еден логичен аргумент на страната на најсилната демократија на светот да се поклони пред крвожедниот воен злосторник, гангстер и диктатор. Да му се покори на Путин, значи да се предаде сè што претставува Америка.

Ако Трамп му ја овозможи победата на Путин, не само што Украина ќе страда неизмерно, туку и целиот светот ќе влезе во нова ера на мрак, свет во кој ќе владеат оние што стравот и лагите ги претвораат во оружје. Последиците од додворувањето кон тиранин ќе загрмат низ целиот свет, и ќе предизвикаат нови бранови на насилство, репресија и уништување. Цели нации ќе паѓаат, човековите права и слободи ќе бидат прегазени и идеалите за слобода и правда ќе станат минато. Неповратно.

Затоа, ова е мојот повик… Кажете НЕ за геноцидот. Кажете ДА за праведниот мир. Тоа е сè што светот треба да направи за да ја спаси својата душа – и својата човечност.

Застанувањето на страната на еден тиранин кој убива деца, силува жени и ги уништува цели градови не е „дипломатија“ – тоа е соучесништво во воени злосторства.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

демократија капитулација Путин Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.