Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорот со Бугарија е исклучителен чекор, напредок и со Грција

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија одржува добри односи со другите држави во регионот и активно учествува во регионалните иницијативи. Направени се значајни чекори за подобрување на добрососедските односи, особено со склучувањето на билатералниот Договор за добрососедство со Бугарија и градењето доверба со Грција, оценува ЕК во најновиот извештај за напредокот на земјата.

Во делот од извештајот за регионалната соработка, се наведува дека односите со Бугарија се подобрија со доаѓањето на новата Влада. Беше потпишан Договор за добрососедство меѓу двете земји што резултираше со склучување серија билатерални спогодби. Во ноември 2017 беше одржана и заедничка седница на владите на двете земји во Струмица.

Односите со Грција се подобрија, особено во втората половина на 2017 година. Формалните разговори за прашањето за името беа обновени во декември лани. Неопходно е итно решавање на прашањето за името. Разговорите за ова прашање што се водат со посредство на ОН се интензивираат. Конструктивните дискусии меѓу премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји влијаат позитивно за подобрување на меѓусебната доверба. Министрите за надворешни работи на двете земји имаа повеќе билатерални средби. Премиерот Заев го посети Солун и се сретна со градоначалникот, а продолжија и конструктивните разговори за имплементација на мерките за градење доверба. Изјавите на двајцата премиери во јануари годинава, преименувањето на аеродромот во Скопје и на автопатот, беа конкретни знаци за зајакнување на меѓусебната доверба. Тоа беше проследено и со деблокирање на втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и приклучувањето на Македонија во Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот регион. Економските и трговските односи меѓу двете земји продолжија да се одвиваат нормално, наведува ЕК.

Билатералните односи со Албанија се интензивирани по изборот на новата Влада. Одржана е заедничка меѓувладина седница и потпишани се повеќе билатерални договори за подобрување на соработката.

Односите со Косово продолжуваат да се развиваат. Премиерот Зоран Заев ја посети Приштина во декември лани. Потпишан е договор за отворање нов граничен премин и договорено е одржување меѓувладина седница. Имаше одредени тензии по одлуките поврзани за учеството на косовски државјани во настаните во Куманово во 2015 година.

Односите со Србија се генерално добри. Имаше спорадични тензии, но тие беа брзо надминати. Премиерот Заев го посети Белград во ноември 2017, се вели во извештајот на ЕК

Бугарија Грција ЕК Извештај соседски осноси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.