naslovnaboko1

Човекот кој ја започна неговата агонија не превзема ништо за да го намали екоцидот, туку сосем спротивно само го интензивираше со своето безrрижно исфрлање на отпадни материи

Минатата недела бев во Дојран да се видам и да направам интервју со професорот Светомир Шкариќ кој летото редовно го минува во неговата викендичка со прекрасен поглед на Дојранското езеро.

Со него разговарав за искушенијата пред кои е исправено владеењето на правото во Македонија. СЈО, Уставен суд, правосуден систем и други актуелни собитија кои ви се верувам добро познати.

Но, кога разговарате за владеење на правото со таков човек и на таква локација некако неизбежно се наметнува темата за Дојранското езеро која би можела да биде и добра илустрација за генезата на нашето (не)разбирање или (не)култура на владеењето на правото во неговото пошироко цивилизациско значење.

Без намера да расправам за тоа која и каква директива се применува за да се оправда или осуди одлуката за забрана на капењето, здравиот разум, и здрави сетила за мирис и вид ви се доволни да ви стане јасно дека Дојранското езеро е препуштено само на себе да се брани од нашата примитивна свест и разбирање за природните богатства.

dojran2

Краток разговор, а потоа и кратка прошетка на оваа тема со професорот Шкариќ и неговата ќерка Милица ми беа доволни да разберам за што станува збор а потоа и да дознам дека на оваа тема вредно и долго работел цел стручен тим на професори кои своите анализи и емпириски фундирани сознанија ги резимирале во извонредно вреден документ со јасен наслов “Извештај за утврдената состојба на флората и фауната на Дојранското езеро во 2015 година”.

Трудот на групата професори и нивните студенти предводени од професорот д-р Светозар Крстиќ, во текот на целата година бил поддржан со пари даночни обврзници (не наши пари иако езерото е наше) Јапонци, ЕУ, САД.

Истражувањето е направено во организација на Регионалниот еколошки центар кој за жал не посветил големо внимание на промоцијата на овој значаен документ.

Човекот кој ја започна неrовата агонија не превзема ништо за да го намали екоцидот, туку сосем спротивно, само го интензивираше со своето безгрижно исфрлање на отпадни материи 

“Дојранското езеро претставува едно од последните езера на старата Егејска група езера и мал остаток од некогашното Пеонско Езеро. Неговата местоположба, клима и природни карактеристики создаваат уникатен екосистем, препознаен по специфичната биоценоза и богатството на рибната фауна – единствена во Југоисточна Европа.

Во 1988 година направена е незамислива грешка со испуштањето на големи количества вода од езерото за наводнување. Од тој момент, Дојранското Езеро навлегува во еколошка агонија од која, и покрај сите усилби за надополнување на водната маса преку системот Ѓавато, не може да се опорави до денес.

Богатството на флората и фауната беше трајно нарушено, а чувствителната еколошка рамнотежа поместена кон крајните граници на издржливост, порди што започна масовно изумирање и исчезнување на видовите.

Во nоследователните години езерото nретрпува долг сушен период,пa дури и надополнувањето на водата од системот Ѓавато е запрено.

Езерскиот систем дојде до границата на својот опстанок чекајќи единствено на nриродната судбина.Човекот кој ја започна неговата агонија не превзема ништо за да го намали екоцидот, туку сосем спротивно само го интензивираше со своето безrрижно исфрлање на отпадни материи, се вели во ова научно истражување за езерото, базирано на низа докази базирани на научна методологија.

Со измерени вредности на nараметрите во висока пета катеrорија на квалитетот на водата. Оваа состојба многу влијае врз живиот свет во езерото кој е поставен во средина за интензивна борба за опстанок.

Од студијата многу брзо ви станува јасно дека главен причинител за загрижувачката сотојба на водата во езерото е човечкиот фактор и секако институциите кои никогаш не превземале ништо за да се подобрат состојбите. Да бидам јасен во резимирање на научните податоци – езерото е полно фекали и друг отпад.

dojran5

“Измерените вредности на основните физичко хемиски параметри на мерните места по  по Дојранското Езеро и Николичка Река, укажуваат на исклучително неповолна еколошка состојба во текот на сите три сезони (трите спроведени анализи во научно-едукативните кампови, мај, јули, септември и октомври 2015 година), според основните параметри на органското  загадување на вкупниот фосфор и вкупниот азот.

Вaка добиената слика укажува на континуирано оптоварување на езерскиот систем со органски отпадни материи (најверојатно од контолиран испуст на комунални отпадни води) од кои езерото не успева да се ослободи во текот на целата година.

Кон овој питисок се приклучува и Николична река која значително придонесува кон вкупното оптоварување на езерскиот екосистем. Во однос на пратечките елементи на органското загадување, нитрати, нитрити и амонијак, забележани се мали и поединечни отстапувања од добриот статус по себно во есенскиот период.

Ова е резултат на интензивното искористување на овие хемиски хранителни материи од страна на примарните продуценти (алгите и макрофлорната вегетација ) поради  што  нивната  концентрација  во  водата  останува  ниска.  Сепак, доколку  се  спроведат  поинтензивни  мерења,  нивните концентрации во водата би варирале во многу поширок дијапазон во зависност од физиолошката состојба на примарните продуценти…

Добиените резултати укажуваат на еден континуиран притисок од отпадни хранителни материи  во езерскиот екосистем во текот на 2015 година, со измерени вредности на параметрите  во висока пета категорија на квалитетот на водата.

Оваа состојба во многу влијае врз живиот свет во езерото кој е поставен во средина за интензивна борба за опстанок” се заклучува во оваа студија.

Koгa се утврдуваат во ваква маса создавајќи „воден цвет“, таквите екосистеми се означуваат како силно загадени и опасни поради потенцијално високо присуство на цијанотоксини.

Загадувањето не само што ги надминува сите цивилизациски стандарди туку оди чекор напред во создавање на биолошки франкештајни. Научниците при истражувањето откриле планктони кои досега не се забележани во научната документација во светот.

Посебно значајни во планктонот се видовите на родот Microcystis ѕрр. кои се утврдени како дури 8 различни форми состојба која до денес не е забележена никаде во светот. Научната литература во многу наврати ги истакнува видовите на овој род како едни од најтолераmни и отnорни кон загадување во водените екосистеми, и како nродуценти на силни токсини – цијанотоксини микроцистини.

Koгa се утврдуваат во ваква маса создавајќи “воден цвет” таквите екосистеми се означуваат како силни загадувачи и опасни поради потенцијално високо присуство на цијанотоксини се забележува во оваа студија, која со овој податок би можела Дојран да го направи активна дестинација за биолозите од целиот свет.

Во студијата се прибавени уште многу интересни и научно релевантни податоци кои би требало да бидат аларм за сите нас кои се загубивме во лажно наметнатите дебати чија единствена цел се лукративните интереси.

dojran23

Во таа смисла е и апелот содржан на крајот од оваа студија.

Со години науката докажува дека Дојранското Езеро поминува низ еколошка агонија, состојба која човекот ја предизвикал. И постојано е потрдувано дека на езерото му е потребна итна заштита, редовен мониторинг и постојана грижа за подобрување на квалитетот на водата и животната средина во целост. Човекот до сега малку сторил за да ги сочува убавините на езерото и неговата околина.

Под итно е потребен План за управување со сливот на езерото со цел поставување на мерки за подобрување на квалитетот на водата и одржување на еко системот во добра состојба за идните генерации. 

Доколку nревземените активности и добиените резултати изложени во овој извештај барем малку би ја придвижиле човековата свест и во таа насока трудот и стекнатите знаења нема да се залудни и ќе бидат гордост на сите учесници во овој проект.“ 

Апелот секако би требало да допре и до еуфоричните партиски приврзеници кои ги крштеваа своите деца во водата на езерото за да ја покажат лојалноста кон партијата, за да разберат дека и тоа дете жртвувано на олтарот на партијата, има право на живот во оваа земја.

Амин!