Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во ЛШ: Санкт Петербург во 2021 година, Минхен во 2022 година и Лондон во 2023 година

0
By Нова ТВ on September 25, 2019 СПОРТ
Фото: worldsoccertalk.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот комитет на УЕФА во Љубљана одбра градови домаќини за неколку клупски и репрезентативни натпреварувања во наредните години. Завршниот меч во Лигата на шампиони во 2021 година ќе се одигра во Санкт Петербург, во 2022 во Минхен, а во 2023 година на „Вембли“ во Лондон. Новиот континентален првак во тековното издание на елитното натпреварување ќе се одигра на 30 мај во 2020 година на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Мечот за титулата во Лига Европа во 2021 година ќе се одигра во Севилја. Победникот, пак, за оваа сезона ќе биде промовиран на стадионот „Енерга“ во Гдањск.

Белфаст ја доби честа да биде домаќин на УЕФА Суперкупот во 2021 година, а организацијата на Европското првенство во футсал во 2022 година ` припадна на Холандија.

Познати се земјите домаќини на Европски првенства и во неколку младински категории во машка и во женска конкуренција. Изборот за ЕП 2021 (У17) падна на Кипар, а за ЕП 2022 (У17) на Израел.

Завршниот турнир на ЕП 2021 (У19) ќе се одигра во Романија додека довербата за организација на ЕП 2022 (У19) ја доби Словачка.

Фарски Острови ќе бидат домаќини на женското ЕП 2021 (У17) што една година подоцна ќе се одржи во БиХ. Европското првенство за фудбалерки до 19 години ќе се одржи во Белорусија во 2021 година, Чешка, пак, ќе ги нагости најдобрите селекции во истата возрасна категорија во 2022 година.

Лига на шампиони УЕФА финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.