Транспарент со порака „Државата гори, фикус се журка“ осамна во спортскиот центар „Филип втори“, на вечерашниот концерт на светскиот Ди-џеј Дејвид Гета, со чиј настап вечерва започнува фестивалот Skopje Calling.
Транспарентот експресно е отстранет, но фотографии од акцијата се појавија на Твитер.
Инaку инспирирани од политичките изјави од функционерите од власта, активисти утрово герила акција приредија и пред Собранието, каде поставија гласачка кутија на бетон исмејувајќи ја изјавата на екс-премиерот Никола Груевски дека изборите се бетонирани за 5.јуни, а кои беа одложени.