Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата нема друга алтернатива освен ЕУ, мора самите да се бориме против корупцијата

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Нема дилема дали има друга подобра алтернатива, бидејќи ние на ниво на општество, на ниво на држава, го определивме членството во Европската Унија како наша стратешка цел“, вели во изјава за „Фронтлајн“ – претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, зборувајќи за европската интеграција на земјата како геостратешка и перспективна единствена алтернатива.

Марко Трошановски

– Влегувањето во големи моќни сојузи е единствена опција за мали држави како Македонија, каде не успеавме да изградиме конкурентен човечки капитал, нити производствени или пак индустриски капацитети, ниту имаме значителни ресурси. Од друга страна, сојузот со ЕУ, која е наш најголем трговски партнер, која обезбедува значителна економска поддршка преку претпристапните фондови, која што во перспектива отвора можност за 500 милионски пазар за нашите производи и многу поголема финансиска поддршка, е недвосмислено најдобрата алтернатива од економски аспект, а и секако на некој начин безбедносен аспект во комбинација со инфраструктурата на НАТО. Сепак ЕУ не е совршен систем и членството далеку од тоа дека ќе ги реши нашите внатрешни проблеми, кои на крајот зависат од нас самите, вели Трошановски.

Универзитетската професорка Ана Чупеска смета дека државата мора да продолжи на патот кон ЕУ, затоа што, како што нагласи, тоа е наш највисок државен интерес.

Проф. Ана Чупеска

– ЕУ со сите свои предизвици е демократска и мировна политичка унија пред сè, на која ние природно и припаѓаме. Од независноста до денес, вложивме многу во оваа наша државно стратешка цел, и бесмислено е да го доведуваме во прашање нашето членство во ЕУ, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Претседателот на Институтот за демократија Марко Трошановски за борбата против корупцијата и дали поддршка на ЕУ и САД значи поефикасна борба против ова појава, смета дека ниту ЕУ, ниту САД можат да помогнат значително доколку внатре не постои волја која изминатите декади значително отсуствува.

„Секако дека тие можат да потпомогнат, да трасираат да притискаат, да советуваат во многу домени како на пр. реформи во јавна администрација, во доменот на владеење на право и слично, меѓутоа никако не смееме да ги гледаме како одлучувачки фактори коишто ќе го решат проблемот со корупцијата во земјата и конечно треба одговорност да ја бараме кај самите себе, но исто и на политичко ниво, и да ги санкционираме сите чинители коишто не придонесуваат овој проблем на корупцијата да се подобри, подвлече тој.

Според универзитетската професорка Ана Чупеска, во ЕУ и во САД, со оглед на тоа што станува збор за демократски поредоци, борбата со корупцијата се смета дека е услов за подобар развој на самата демократија, на економијата и е услов за безбедноста.

– Од тие очигледни причини, впрочем помошта и поддршката што ја имаме од нив значајно допринесува и ние да можеме да се справиме со корупцијата. Иако, корупцијата не е санирана до посакуван степен, сепак, без поддршка од овие субјекти, тоа би било уште полошо. Без преговорите со ЕУ исто. Доказ за тоа се црните листи на корумпирани персони таргетирани од САД , кои би можеле да се најдат во обвинителни и истажителни предмети, но исто така и финансиската помош за справување со корупцијата што редовно ја добиваме, потенцира Чупеска.

И самите преговори со ЕУ, додава таа, имаат – значаен трансформативен ефект (или ефект на притисок) да се прават реформи во борбата против корупцијата. Затоа е важно да продолжиме со преговорите.

– Самата преговарачка рамка има насоки и за борбата против корупцијата. Оттука, тој што твди дека прво корупцијата треба да се искорени, а потоа да се преговара со ЕУ. и тој што ја отфрла преговарачката рамка, фактички блефира дека е против корупцијата, наглси таа.

Високи функционери од ЕУ и САД изјавија дека Северна Македонија мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Ана Чупевска Влада ЕУ избори Корупција САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.