Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДС: Политичката состојба се заострува, Иванов да ја повлече одлуката

0
By Нова ТВ on April 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 27, 2016 12:19
Политичката состојба се заострува, при што поради отсуство на чувство за одговорност и државност, Ѓорге Иванов, се уште се колеба дали да ја повлече аболицијата или не. Сакаме да го охрабриме дека во интерес на граѓаните, стабилноста на државата и правдата е да ја повлече аболицијата, велат од Демократскиот Сојуз (ДС).
Тој потег, според ДС, заедно со одлагање на изборите, се основа за политички договор и постепено враќање на вербата во правдата.
„По поништување на аболицијата и одлагање на вонредните парламентарни избори (на кои само ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува), Демократскиот сојуз го предлага следното:
– Избор на експертска  влада, поддржана од сите партии, која ќе работи на коренити реформи на правосудниот и безбедносниот систем, како и во медиумите, изборните регулативи (избирачки список, Македонија да биде една изборна единица, електронско гласање и др.), демократизација на партиите и др.
– Деблокада на сите државни институции и нивна департизација и деполитизација.
-Поддршка на СЈО за професионално, стручно, законито и транспарентно работење и формирање на специјализирано судско одделение во рамките на Кривичниот суд во Скопје.
-Создавање на услови за одговорност на креаторите на политичката криза и донесување на закон за забрана на нивно политичко дејствување.
-Реформи неопходни за членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ.“ велат од партијата.
ДС оценува дека доколку и натаму се продолжи со ароганцијата од власта и медиумската манипулација, протестите ќе продолжат, стабилноста ќе се наруши и сето тоа ќе се рефлектира и на економски и безбедносен план. На крај се ќе се прифати  но цената и  штетите ќе бидат преголеми. Затоа повикуваме на разум.
аболиција Демократски сојуз Иванов избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.