Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата

0
By Zoran Ivanov on March 10, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2026 12:25

Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели, реагираат од ДУИ.

Ова, како што рече Албана Мустафа не е изолиран случај.

Ова е дел од низа неуспеси во начинот на кој оваа влада се справува со секоја кризна ситуација: многу пропаганда, многу прес-конференции за обвинување на други, а речиси никакви конкретни мерки за заштита на граѓаните.

Од полноќ синоќа, цената на дериватите е зголемена за 15 денари по литар, што претставува нов удар врз семејните буџети и врз бизнисите, особено во услови кога животниот стандард на граѓаните веќе е под силен притисок.

Развојот на настаните на меѓународните пазари и геополитичките тензии што влијаат врз цените на енергенсите не дојдоа ненадејно. Овие случувања беа најавувани со недели. Владата имаше доволно време да планира и да преземе превентивни мерки. Сепак, денес граѓаните се соочуваат со недостиг, неизвесност и раст на цените, додека институциите кои треба да реагираат остануваат пасивни.

Граѓаните на оваа држава, додаваат од ДУИ, не можат да бидат оставени на милост и немилост на случувањата што се одвиваат илјадници километри од нашата земја.

Подвлекуваат дека, обврска на владата е да ги предвиди ризиците и да го заштити животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

Демократска унија за интеграција предлага итно да се преземат мерки преку Собранието и надлежните институции.

Упатуваме повик до Регулаторната комисија за енергетика уште од денес да преземе мерки и да ја преиспита вчерашната одлука.
Имајќи ги предвид изјавите на надлежните институции дека државата располага со резерви на нафта за околу 62 дена, овие резерви треба веднаш да се пуштат во промет со максимална цена од 71 денар по литар. Треба да се нагласи дека овие количини се набавени по уште пониски цени.
Владата треба веднаш да ја разгледа можноста за намалување на фискалните давачки за нафтените деривати, вклучително и акцизите и другите давачки, со цел стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните.
Истовремено, инспекциските служби треба веднаш да утврдат колкави количини нафта имале бензинските пумпи пред понеделник во 00:00 часот и за тие количини да се воведе замрзнување на цените, бидејќи се увезени по пониски цени.
За операторите кои за време на викендот и во понеделник не точеле гориво на граѓаните, треба да следуваат соодветни мерки и санкции согласно законот.

Како држава не можеме да дозволиме некои да профитираат на грбот на граѓаните и на нашите производители. Во ваква ситуација е потребна итна реакција и сериозно управување со кризата, е ставот на ДУИ.

Демократската унија за интеграција, додаваат од оваа партија, останува подготвена да ја поддржи секоја одлука што има за цел стабилизирање на пазарот и заштита на интересите на граѓаните и економијата на државата.

 

бензин Влада ДУИ цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.