Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дума: Убедена сум дека бонусите ги заслужувам, но ќе ги вратам парите

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија на јавна седница што е во тек расправа за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.

Членовите на ДИК кои доаѓаат од различни политички партии, иако во минатото одлуките речиси никогаш не ги носеле едногласно, сепак аргументите за дополнителните надоместоци ги бранат сите и се поддржуваат меѓусебно дека бонусите се законски.

Виолета Дума, при расправата рече дека таа и нејзиниот колега Игор Милев, донеле лична одлука да ги вратат парите или во буџетот или како донација.

Но пред да соопшти дека ќе ги врати дополнителните надоместоци за 4 месеци, Дума рече дека таа е убедена дека ги заслужува парите бидејќи четири месеци Комисијата работела деноноќно и за нив немало “ниту делник ниту празник”.

-Одлуката е исклучиво донесена по закон. ДИК ја сочинуваат два дела, членовите и администрацијата. Одлуките се донесени врз основа на трудот и се законити, донесени по Правилник. Пред 2013 по измената на Изборниот законик, претходно само службата земаше надоместок. Но, одлуката е легитимна и законска. Ќе ги вратам парите не затоа што не ги заслужувам туку за му се најдат на некого, рече Дума која рече дека е задоволна што Државната изборна комисија работела професионално и транспарентно и спровела локални избори признаени и од домашната јавност и од меѓународните фактори.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, е решен да ги врати парите од надоместоците за членовите и вработените во ДИК. На брифинг со новинарите пред почетокот на денешната седница, Чичаковски рече дека доколку нема опција да отповикување на одлуката за исплата на бонуси, во тој случај ќе ги донира земените надоместоци.

Членот на ДИК, Сашо Срцев во своето аргументирање се согласи со ставовите на своите колеги дека одлуката за надоместоците е законска и рече дека и тој ќе ги врати парите или во буџетот или во хуманитарни цели. Меѓу другото, Срцев посочи дека не е фер кон ДИК да се посочува со прст како пример за корупција и дека парите ќе ги врати за да покаже дека на неговото семејство не му се потребни пари за свеќи и пченица.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, вчера на предавање посветено на борбата против корупцијата кое се одржа на Факултетот за безбедност – Скопје рече дека слушнал дека членовите на Државната изборна комисија си изгласале дополнителна плата за работата која ја завршиле за локалните избори ви октомври.

-Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси. Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото, но имам прашање во врска со ова. ДИК е независно тело. Можеби овој потег бил дури и легален, но гласањето се случило зад затворени врати, рече Бејли.

Седницата е во тек.

 

бонуси Дик седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.