Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дупка во касата на „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. должи 337 милиони фунти

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фактот што не е дел од Лигата на шампиони се одрази и на финансиското работење на Манчестер јунајтед. Ревизијата за првиот квартал во оваа година покажува пад на вкупните приходи за 2,8 отсто или 3,4 милиони фунти, а клубот бележи драстично намалување на средтсвата од продажба на влезни билети за дури 32,3 отсто или 16,8 милиони фунти. На падот на приходите се одразија и трите меча помалку што „црвените ѓаволи“ ги одиграа на домашен терен за разлика од истиот период лани.

Паралелно со тоа, нарасна долгот за 18 отсто или 337 милиони фунти што во најголем дел е последица на падот на вредноста на фунтата во однос на доларот по референдумот за Брегзит. Ед Вудворд, извршен директор на Манчестер јунајтед, признава потешкотии во работењето на клубот и истовремено изрази верба дека ќе бидат краткорочни.

„Нашите финансиски резултати се послаби во однос на минатата година што воглавно е последица на неиграњето во Лигата на шампиони“, истакна Вудворд.

Манчестер јунајтед потроши големи средства за засилувања во летниот период. Меѓу другите ги ангажира Златан Ибрахимовиќ и, особено, Пол Погба со рекорден трансфер во историјата на фудбалската игра. Екипата моментно е шеста во Премиерлигата, игра четвртфинале во Лига купот и се наоѓа на третото место во групата во Лига Европа и крајно неизвесно е дали ќе успее да обезбееди место во нокаут фазата.

брегзит Златан Ибрахимовиќ Лига на шампиони Манчестер Јунајтед Пол Погба Премиерлига Финансиско работење фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.