Секторот за внатрешни работи Скопје поднел известување до Основното јавно обвинителство Скопје за 19-годишниот А.В. од Кавадарци и 17-годишниот Р.М. од Скопје поради сомнение дека извршиле вкупно 59 кривични дела, од кои 16 тешка кражба, 42 обид за тешка кражба и едно кривично дело одземање на моторно возило, информира МВР.

Пријава е поднесена и против 24-годишниот Е.Х. кој се товари за прикривање.

Според полицијата, двајцата првоосомничени сите кражби и обиди за кражби ги извршиле во автомобили, кон крајот на мај и почетокот на јуни, оваа година, во населбите Кисела Вода и Аеродром.

Дел од украдените предмети ги продале на Е.Х., кој и покрај тоа што знаел дека предметите потекнуваат од кривични дела, ги препродал на трети лица за повисока сума.

Со извршување на кривичните дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 126.500 денари, односно околу 2.000 евра, велат од полицијата.