Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Движење 50501: Протести ширум САД против политиките на Трамп и Проектот 2025 – „Одбиј го фашизмот“

0
By Marija Todorovska on February 6, 2025 ВЕСТИ, ФОКУС
Фото: Скриншот Инстаграм 50501movement
Фото: Скриншот Инстаграм 50501movement
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера во 50 држави во САД демонстрантите изглегоа на улиците во знак на протест на политиките на администрацијата на Трамп и Проектот 2025, контраверзниот список на желби на конзерватиците.

Протестите беа организирани од страна на движењето 50501 што значи 50 држави 50 протести 1 ден. Станува збор за граѓанска иницијатива организирана преку социјалните мрежи со хаштагот #buildtheresistance и #50501, повикувајќи ги Американците да “се борат против фашизмот.”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tayler – WEDDING | COUPLES PHOTOGRAPHER (@taylerannphotography)

Протестите вчера се одржаа во главните градови. Демонстрантите држеа транспаренти со пораки „Молчењето е насилство“, „Брани ја демократијата“, „Импичмент на Трамп“ и „Смрт на фашизмот“.

Протестите исто така беа насочени кон имиграционите политики на Трамп, носејќи транспаренти со натписи „Нема човек кој е незаконски,“ бидејќи администрацијата презема без преседан мерки за да ги отстрани што е можно повеќе недокументирани мигранти од САД.

Граѓаните протестираа и против акциите насочени против ЛГБТК+ луѓето, на истиот ден кога Трамп потпиша извршна наредба која им забранува на трансродните атлети да учествуваат во женски спортови. Минатата недела, тој потпиша наредба која се обидува да ги ограничи услугите за утврдување на пол за лица под 19 години.

Насобраните повикаа и на спасување на УСАИД, која ја надгледува странската помош, помошта при катастрофи и програмите за меѓународен развој.

Многу демонстранти особено се насочија против Маск, истакнувајќи ги неговите напори за распаѓање на владините агенции и за добивање пристап до владините податоци. На неколку протести се гледаа транспаренти со пораката „Никој не гласаше за Илон Маск.“

Пред денот на акцијата, Instagram профилот кој тврди дека е официјален профил на движењето 50501 сподели флаери за планираните протести со фрази како „Одбиј го фашизмот“ и „Ние, народот, го одбиваме Проектот 2025.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by We the American People (@50501movement)

„Декларацијата за еднаква слобода,“ објавена на Instagram профилот, тврди дека реториката на Проектот 2025 „има намера да ја раздели, изолира и одстрани нашето општество, како и да ги разори темелните слободи на нашата земја преку напад на нашите институции.“

 

#50501 демократија Илон Маск ЛГБТК протести САД Трамп УСАИД фашизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.