https://www.youtube.com/watch?v=NP5TUl7oK3c

Движењето Беса чиј претседател е Африм Гаши денеска објави нови докуменит, кои според нив докажуваат дека тогашниот претседател Билал Касами во судот поднел документи со кои ги фалсификувал имињата на претседатели на ограноци и во Куманово, Липово, Арачиново, Бутел, Сарај и Чаир.

-Поранешниот претседател не се задоволил со тоа што на 15 ноември ги фалсификувал имињата на претседателите на ограноците, туку отишол и понатаму. Две недели покасно, односно на 4 декември 2017, Касами повторно ја злоупотребил службената должност и во судот поднел друг список со фалсификувани претседатели на ограноците, со што го прекршил Законот за политичките партии и докажал дека некој го наредил фалсификувањето да го тера до крај, соопштија на денешната прес конференција.

Како што рекоа, во Куманово, претседател на огранокот избран со сите статутарни норми и во присуство на голем број поддржувачи на Движењето БЕСА избран бил Шенур Османи, додека Билал Касами ова го фалсификувал во судот и како претседател на огранокот го регистрирал Дритон Рамадани кој никогаш не бил член на Движењето БЕСА.

Во Липково легитимен претседател на огранокот е избран Фејзулах Емини, но од Беса тврдат дека Билал Касами во фалсификуваниот список на претседателите на ограноците го ставил Авни Салији.

Во Арачиново, на местото на легитимно избраниот претседател, Елхам Абази,  Касами на, како што бнеше речено, „лажен начин, односно со фалсификување“, напишал дека претседател на огранокот е Амир Бајрами.

-Во Бутел претседателот на огранокот Дритан Адеми во фалсификуваниот список е заменет со Бесник Идризи. Во Сарај, иако имало претседател избран со сите демократски обележја, Билал Касами ја злоупотребил својата должност и во судот го фалсификувал ова запишувајќи го името на Фахрудин Ибрахими, тврдат од Беса.

Во цврска со општина Чаир, од Беса велат дека „иако и гулабите на Чаир знаат дека претседател на огранокот на Движењето БЕСА во Чаир е Беким Салиу“, Касами како претседател на огранокот го запишал Рамадан Незири.

-Тука ќе спомнеме и две лица кои никој не ги познава и никој не знае дали некогаш биле во некој од собирите на БЕСА. Станува збор за мистериозните лица Куртиш Салија и Реџеп Латифовски кои во судот ги поднел како членови на Централниот Совет, велат од Беса.

На вчерашната прес конференција со вакви тврдења од Беса излегоа и за ограноците во Боговиње, Ресен, Струга и скопските општини Шуто Оризари и Карпош.

Кусо по објавените обвинувања за фалсификат, крилото на движењето Беса што го предводи Билал Касами вчера објави реакција, во која вели дека „нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови од пајажината на невладини сомнителни организации“.

-Сите структури на Движењето Беса се фокусирани во делот на организирање на првиот Конгрес на партијата и нема да губиме енергија со секоја клевета што се обидуваат да направаат платени полтрони кои работат за све само не за интерес на Албаниците во Македонија, велат од ова крило на Беса. Тие велат дека ангажирале адвокат кој веќе доставил неколку предмети во обвинителство за Орхан Муртезани и за тие што како што велат „го придружуваат него и тоа за клевети, лажни наоди и злоупотреба на симболите на Движењето Беса“.