Володимир Зеленски ненајавено допатува во Брисел. Украина ќе се соочи со финансиски тешкотии ако не обезбеди финансирање.
Земјата е пред буџетски дефицит од 45 до 50 милијарди евра за следната година и ќе се соочи со финансиски потешкотии, предупреди украинскиот претседател во пресрет на Самитот на ЕУ на кој главна тема е токму начинот како да се обезбедат средства за покривање на финансиските потреби на Кијив за 2026 и 2027 година.
Исто како што властите конфискуваат пари од трговците со дрога и им го одземаат оружјето на терористите, така и средствата на Русија мора да се користат за одбрана од руската агресија и за изградба на она што беше уништено од руските напади. Тоа е морално, тоа е фер и тоа е легално.
И претседателот на европскиот совет, антонио кошта потврди дека Самитот на ЕУ нема да заврши без одлука за финансирањето на Украина..на самитот во октомври, покрај финансиската поддршка на Украина, лидерите донесоа и одлука за замрзнување на руските средства во Европската Унија до крајот на војната или се додека Русија не и плати репарации на Украина.
Како што знаете, Комисијата презентираше неколку опции и работиме на нив, особено на една – заемот за репарации, која има голема поддршка во Европскиот совет. Можам да гарантирам дека ќе работиме на ова денеска, а доколку е потребно и утре, и нема да го завршиме овој Совет без конечна одлука за обезбедување на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година.
Пред почетокот на самитот Шведскиот премиер откри дека се уште нема договор меѓу државите членки на ЕУ за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на Украина. Еден од главните противници на планот е Виктор Орбан, кој веднаш по пристигнувањето на самитот порача дека финансирањето на Украина преку заеднички кредит на ЕУ е неприфатливо за Унгарија.
Според планот, Европската Унија има намера да искористи 210 милијарди евра замрзнат руски имот како основа за заем за Украина.
Од Москва досега неколкупати предупредија дека користењето на нејзините суверени резерви претставува кражба и ја поткопува довербата во централните банки..вети остра одмазда, вклучително и запленување на имотите на европските приватни инвеститори во Русија.

