Клубовите со македонски репрезентативци ги добија ривалите за шеснаесетфиналето во фудбалската Лига Европа. Спортин Лисабон на Стефан Ристовски ќе се пресмета со Вилјареал додека Динамо Загреб на Аријан Адеми ја доби чешка Викторија Плзен која во есенскиот дел се натпреваруваше во групната фаза во Лигата на шампиони и го освои третото место во групата Г во конкуренција на Реал Мадрид, на Рома и на ЦСКА Москва.
Изразити дерби дуели во првата нокаут фаза во ЛЕ нема. Од поинтересните натпревари се издвојуваат Селтик – Валенсија и Лацио – Севилја. Поради привилегираната ждрепка, фаворитите се разминаа за првото коло во натпреварувањето, па Арсенал ќе игра со БАТЕ Борисов, а Челзи со Малме.
Првите мечеви ќе се одиграат од 12 до 14 февруари, а реваншите на 20/21 февруари. Финалето е закажано на 29 мај во Баку, Азербејџан.
Двојки за шеснаесетфинале во Лига Европа
Викторија Плзен (Чешка) – Динамо Загреб (Хрватска)
Бриж (Белгија) – Салцбург (Австрија)
Рапид Виена (Австрија) – Интер (Италија)
Славија Прага (Чешка) – Генк (Белгија)
Краснодар (Русија) – Баер Леверкузен (Германија)
Цирих (Швајцарија) – Наполи (Италија)
Малме (Шведска) – Челзи (Англија)
Шахтјор Доњецк (Украина) – Ајнтрахт Франкфурт (Германија)
Селтик (Шкотска) – Валенсија (Шпанија)
Рен (Франција) – Бетис (Шпанија)
Олимпијакос (Грција) – Динамо Киев (Украина)
Лацио (Италија) – Севилја (Шпанија)
Фенербахче (Турција) – Зенит Санкт Петербург (Русија)
Спортинг Лисабон (Португалија) – Вилјареал (Шпанија)
БАТЕ Борисов (Белорусија) – Арсенал (Англија)
Галатасарај (Турција) – Бенфика (Португалија)