Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупната потрошувачка по видови на енергенти во земјава, во јули 2021 година, изнесува 602.525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. м3 природен гас, 354.361 тони јаглен и 109.198 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81.4 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,91 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, соопшти ДЗС.