Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еди Рама за Баша е „балкански Мадуро“

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 СВЕТ
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заминувањето на албанскиот премиер Еди Рама од функцијата е „најголемата национална мисија на секој Албанец кој го сака своето семејство и своите деца“, изјави денеска лидерот на опозициската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша. Тој притоа изјави дека опозицијата нема да прифати избори со „наркомафијата и балканскиот Мадуро“ како што го нарече премиерот Рама.

„На 28 февруари и на 7 март ќе органиизраме национални протести пред криминалното собрание што ја узурпира зградата на Парламентот на Република Албанија, а на 16 март ќе одржиме уште еден голем национален протест за да го урнеме Еди Рама – балканскиот Мадуро со кого нема да има избори. Сезоната на протести штотуку почна. Нема запирање. Никој нема да ја сопре енергијата на народот за заминување на злото и за да ѝ се даде на Албанија иднината што ја заслужува. Таа ќе биде без Еди Рама, без накомафијата и олгарсите“, рече Баша.

Тој нагласи дека е сигурно оти по чекорот направен во четвртокот, кога опозициските пратеници се откажаа од своите манадати, нема враќање назад, не само за опозицијата туку и за Еди Рама кого го обвини дека има „план да ги украде претстојните избори“.

„Планот што го подготви минатите месеци е крадење на идните избори. Заминувањето на Еди Рама денес е најголемата национална мисија што некогаш ја имал секој Албанец кој го сака своето семејство и неговите деца. Нема да ги оставиме ниту претстојните избори, ниту судбината на Албанците во рацете на наркомафијата која се подготвува да ги купи идните избори. Такво нешто нема да дозволиме. Демократската партија и обединета опозиција ќе ги преземат сите мерки, протест по протест, без никакви пречки се додека не го истераме овој разбојник и крадец од фотелјата што тој ја украде со криминалот и криминалните пари и кој заборави дека власта му припаѓа и ќе му се врати на вистинскиот сопственик, а тоа е народот“, посочи Баша.

Албанската опозиција е убедена дека со овој екстремен чекор ќе го принуди премиерот Рама да се повлече од власта и да се отвори пат за формирање преодна влада која ќе спроведе слободни и фер избори.

Албанија Еди Рама избори Лулзим Баша
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.