Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едвард Џозеф: Договорот од Преспа заслужува Нобелова награда

0
By Нова ТВ on August 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови поврзани со идентитетските прашања, вели политичкиот аналитичар и поранешниот член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Повторувајќи го и објаснувајќи го неговиот став зошто во неговиот текст објвен во „Фореин полиси” во јуни годинава напиша дека договорот меѓу Македонија и Грција, но и премиерите на двете земји заслужуваат да бидат кандидати за Нобеловата награда, Џозеф кој е професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, истакнува дека не станува збор за смешно прашање како што некои го карактеризираа, туку дека е „потребен кураж за да се направи компромис”.

– Вистинската причина поради која овој договор заслужува Нобелова награда не е само затоа што конечно решава еден проблем, туку веројатно бидејќи создава нов модел за решавање на меѓународните спорови кои се поврзани со идентитетски прашања. Помислете на пример на спорот меѓу Израел и Палестина што се однесува на идентитетот на Ерусалим. Пристапот усвоен во Договорот од Преспа создава меѓународен модел што заслужува комлетно да се земе предвид за Нобелова награда, вели Џозеф.

Како што пренесува МИА од Атина, тој во интервјуто за АНА-МПА објаснува дека карактеристиката на владите одиграла важна улога, бидејќи и во двете земји, во ист период, имало лидери со политичка смелост да ги отворат прашањата, а не само да разговараат, но и да влезат во суштината и покажале желба за конечен, а не привремен договор.

Во однос на реакциите и во двете земји, Џозеф вели дека фактот што критиките се исти и од две страни, „јасно покажува дека постои праведен компромис”.

– Оној што е резервиран треба да го прочита самиот договор и да утврди дека се направени напори да се одржи почитувањето на историскиот приказ на секоја земја. И така имаме едно прашање кое всушност, остана отворено за речиси 100 години бидејќи коренот е уште од времето на Балканските војни, да се затвори еднаш и засекогаш, објаснува професорот во интервјуто, пренесе МИА.

Тој додава дека договорот му служи на стратешкиот интерес на Грција и помага земјата да добие улога на регионална сила.

Грција Договор Едвард Џозеф Македонија Преспа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.