Борачот Владимир Егоров го донесе првиот медал за Македонија на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир, откако успеа да победи во репасажот против домашниот борач Албделхак Хербаче.

Егоров триумфираше со убедливи 7:2, а го победата дојде во завршницата откако Хербаче имаше водство од 1:2. Но, македонскиот репрезентативец успеа да освои шест поени за две минути да оствари убедлив триумф и да дојде до бронзениот медал.

Овој медал е најава за вечерашното финале на Магомедгаџи Нуров, кој против Турчинот Ататурк ќе се бори да донесе прво злато за Македонија на овие Медитерански игри.

Македонија вечерва ќе освои уште еден медал и тоа посјаен од бронзениот на Егоров, бидејќи Магомедгаџи Нуров ќе се бори за златниот медал против Актурк од Турција.

По завршување на борбата тој и неговиот тренер Бобан Данов во голем стил го прославија овој голем успех.