Давид Силва е третиот фудбалер кој објави крај на репрезентативната кариера по Светското првенство во Русија. Објава на одлуката на 32 годишниот играч за врска на Манчестер сити дојде по само неколку часа од повлекувањето од „црвената фурија“ и на Жерар Пике што наиде на изненадување во шпанската јавност.
„Ова беше најтешка одлука во мојата кариера. Среќен сум поради се што постигнав. Сонував да бидам дел од екипа што ќе се памети засекогаш и успеав во тоа. Никогаш нема да го заборавам мојот учител Луис Арагоњес“, напиша Силва во отвореното писмо до јавноста.
Силва одигра 125 меча за Шпанија во кои постигна 35 гола. Претходно со националниот тим се збогува и стоперот на Барселона, Жерар Пике, а репрезентативната кариера по мундијалот ја заврши и Андрес Иниеста.