Седум земји-членки на Европската Унија (ЕУ) од денеска воведуваат систем на сертификат за ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули.
Како што соопшти Европска комисија (ЕК), ковид пасош од денеска воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето.
Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале ковид-19. Условите ќе варираат бидејќи одлуките се нодат на национално, а не на ниво на ЕУ.