Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еко-свест: Субвенционирање на малите хидроцентрали наместо со повластени тарифи, треба да е со премии доделени преку аукција

0
By НОВА ТВ Balaban on September 1, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 1, 2021 14:16

Владата и ресорните министерства мора што поскоро да овозможат транзиција на сите технологии од тарифи кон премии за да овозможиме вистинска либерализација на енергетскиот пазар, но и максимална заштита на природата од проекти кои не се конкурентни на пазарот, вели Давор Пехчевски од Еко-свест

Анализата на државната помош за обновливи извори на енергија во РС Македонија на Центарот за економски анализи, утврди дека технологијата за производство на струја од мали хидроцентрали е атрактивна за инвеститорите поради системот на субвенционирање со повластени тарифи којшто сѐ уште постои кај нас, иако истиот веќе неколку години се напушта во земјите на ЕУ. Досега во земјава има 96 мали хидроцентрали и уште 25 во најава за скорешно почнување со работа. За еко-активистите, овие обновливи извори на енергија, колку и да звучи неверојатно, но сепак ѝ штетат на природата и го отежнуваат  пристапот до вода за населението.

Анализата ја изготвиле експерти од Центарот за економски анализи (ЦЕА), и со неа апелираат до Владата да се либерализира енергетскиот пазар преку  придржување кон ЕУ регулативите и да се овозможи поголем продор на други, модерни технологии кои се помалку штетни за животната средина.

– Од 2007 година кога се воведоа повластените тарифи за субвенционирање на искористувањето на обновливи извори на енергија, па до крајот на минатата година, пуштени се во употреба 96 мали хидроелектрани што користат повластени тарифи. Во иднина треба да проработат уште 25 мали  хидроелектрани. Поради големиот број и изградба во предели со природни богатства и во заштитени подрачја, се почесто малите хидроелектрани се во сериозен конфликт со заштитата на природата или со пристапот до вода за пиење. Ова ја доведува во прашање оправданоста тие да се поддржани со фиксни тарифи, порача денеска извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ-Лешоска.

Од ЦЕА појаснуваат дека поддршката на обновливите извори треба да се префрли кон премии доделени со аукција, а не преку фиксни повластени тарифи како што е сега.

– Според ЕУ регулативата за државна помош, поддршката на обновливите извори треба речиси целосно да се префрли од фиксни повластени тарифи кон премии доделени со аукција. Премиите ги изложуваат обновливите извори на енергија на сигналите на пазарот, бидејќи некои технологии за обновлива енергија, како што се малите хидроцентрали, достигнаа фаза на зрелост што бара нивна интеграција на пазарот. Со оглед на тоа дека во моментот кај нас некои технологии се уште добиваат само повластени тарифи, може да се заклучи дека не е извршено целосно усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата, изјави Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи.

Весна Гарванлиева

Здруженијата доставиле и жалба до Енергетската заедница и очекуваат одговор на нивните барања за либерализација на енергетскиот пазар.

– Моментната поставеност на националната регулатива ги фаворизира малите хидроцентрали, за што доставивме и жалба до енергетската заедница. Додека во ЕУ гледаме диверзификација на производството и намалување на уделот на хидроенергијата во енергетскиот микс, кај нас се уште поддржуваме зрели и конкурентни технологии со субвенции. Владата и ресорните министерства мора што поскоро да овозможат транзиција на сите технологии од тарифи кон премии за да овозможиме вистинска либерализација на енергетскиот пазар, но и максимална заштита на природата од штетни проекти, коишто не се конкурентни на пазарот, додава Давор Пехчевски од Еко-свест.

Линк до анализата: https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/Analiza-na-DP-za-OIE-vo-RSM-CEA-2021.pdf

(Љ.Б.)

Ана Чоловиќ-Лешоска Еко-Свест мали хидроцентрали повластените тарифи Премии Центарот за економски анализи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.