Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економист: Политиката на Трамп може да го разниша НАТО

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 22, 2025 19:37

Државниот секретар Марко Рубио изразил ентузијазам за соработка со Москва, потенцирајќи „историски економски можности“, а магазинот саркастично прашува дали наскоро ќе видиме Trump Tower на Црвениот плоштад. Анализата предупредува дека политиката на Трамп би можела да го разниша НАТО, оставајќи ги источноевропските земји ранливи. Сомнежите за американската подготвеност да го брани сојузот ја поткопуваат неговата стабилност.

Провокативната, нова, насловна страница на угледниот британски неделник Економист (The Economist) ја дефинира состојбата во Европа како „најлошиот кошмар“, опишувајќи ја изминатата недела како најмрачната седмица на континентот по падот на Железната завеса.

Во својата анализа, магазинот предупредува на катастрофалните последици од надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи ја неизвесноста околу иднина на Украина, рехабилитацијата на Русија и поткопувањето на европската безбедност.

„Украина се продава, Русија повторно добива кредибилитет, а Америка под водство на Трамп повеќе не е сигурен сојузник на Европа во случај на конфликт“, пишува Економист.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, говорејќи во Минхен минатата недела, саркастично ја опиша Европа како „домот на фините вина и социјалните давачки“, што, според магазинот, ја покажува американската незаинтересираност за одбрана на континентот.

Според анализата, Трамп се подготвува да ја напушти Украина, отворено нарекувајќи го нејзиниот претседател Володимир Зеленски „диктатор“ и предупредувајќи го дека „ако не се договори брзо, ќе остане без држава“. Наместо да ја зајакне безбедноста на Украина, САД можеби ќе се обидат да наметнат нестабилен прекин на огнот со минимални безбедносни гаранции.

Но, според Економист, најголемата опасност за Европа не е само судбината на Украина, туку амбицијата на Трамп да го рехабилитира Владимир Путин, напуштајќи ја повеќегодишната пракса за негова изолација. Белата куќа веќе започна мировни преговори со Кремљ во Ријад на 18 февруари, без вклученост на европските лидери.

Државниот секретар Марко Рубио изразил ентузијазам за соработка со Москва, потенцирајќи „историски економски можности“, а магазинот саркастично прашува дали наскоро ќе видиме Trump Tower на Црвениот плоштад.

Анализата предупредува дека политиката на Трамп би можела да го разниша НАТО, оставајќи ги источноевропските земји ранливи. Сомнежите за американската подготвеност да го брани сојузот ја поткопуваат неговата стабилност.

„Ако Русија нападне балтичка држава или предизвика хаос преку кибер-напади и саботажи, што ќе направи Европа?“ прашува Економист.

Одговорот досега е разочарувачки. И покрај трите години од почетокот на руската инвазија врз Украина, Европа не успеала значително да го зголеми воениот буџет, а состанокот на лидерите во Париз на 17 февруари само ги откри длабоките разлики меѓу нив, анализира списанието.

За да се заштити, Европа мора да ја зголеми воената потрошувачка на 4-5 отсто од БДП, што би значело нови 300 милијарди евра годишно. Сепак, тоа би барало радикални економски промени, вклучувајќи нови заеми и намалување на социјалните трошоци, заклучува Економист

„Ноќната мора што ја создаваат Путин, а сега и Трамп, можеби ќе ја натера Европа конечно да сфати дека мора сама да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност“, се заклучува во анализата.

 

економист НАТО Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.