Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс советникот на Трамп „пропеа“: Нуди сведочење во замена за имунитет

0
By Нова ТВ on March 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 31, 2017 11:02

Мајкл Флин, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, кој само по 24 дена на функцијата мораше да поднесе оставка поради тоа што лажел за своите контакти со рускиот амбасадор во САД, вчера преку својот адвокат му понуди на ФБИ и на конгресните тела која ја спроведуваат истрагата, сведочење во замена за имунитет од кривично гонење.

За овој ненадеен пресврт, за кој Си Ен Ен предвидува дека би можел да има „термонуклеарен„ политички ефект, прв извести Вол стрит Џурнал, но засега нема информации какви се‘ конкретни сознанија Флин е подготвен да сподели со истражителите, поради кои очигледно стравува дека би можел да се најде во правни проблеми.

Неговиот адвокат подоцна за Си Ен Ен во основа ја потврдил информацијата на весникот. Притоа рекол дека Флин сосема сигурно има што да каже, но додаде дека тој само сака гаранција дека во исполитизираната атмосфера на лов на вештерки ќе добие можност да сведочи без страв од нечесно кривично гонење, пишува хрватскиот Јутарњи лист.

Флин беше советник во изборниот тим на Трамп, а подоцна и еден од неговите најблиски соработници во Белата куќа и од таа позиција бил упатен во најчувствителните разговори и одлуки во сферата на надворешната политика, а директно учествувал и во разговорите за можно укинување на американските санкции кон Русија, што ги воведе администрацијата на Обама.

Неименувани официјални претставници на ФБИ, на Претставничкиот дом и на американскиот Сенат за Вол стрит Џурнал велат дека никој не е подготвен да ја прифати понудата на Флин.

-Не е јасно дали господинот Флин понудил да сведочи за некои конкретни аспекти на својата работа на местото советник за национална безбедност, но фактот дека побарал имунитет од кривично гонење сугерира дека тој смета, дека по кусиот престој на функцијата во Белата куќа, би можел  да се најде во правен проблен, изјавил неименуван функционер.

Флин беше принуден на оставка откако призна дека го излажал потпретседателот Мајк Пенс со тоа што му премолчел дека за време на транзицијата на власта, пред инаугурацијата на Трамп, бил во контакт со рускиот амбасадор во САД. Неговите телефонски контакти со амбасадорот Сергеј Кисљак ги „фати“ ФБИ прислушувајќи го рускиот дипломат и тоа на денот кога администрацијата на Обама  воведе санкции кон Москва.

ФБИ неодамна потврди дека спроведува истрага за можна поврзаност на тимот на Трамп со Русија и за наводна руска вмешаност во американскиот изборен процес, а демократите побараа оставка од Трамп. Службена Москва негира дека се мешала во изборите.

За Флин веќе од порано е познато дека пред да стане советник во тимот на Трамп бил во Русија каде три тамошни компании, вклучувајќи ја и државната телевизија РТ, му платиле повеќе десетици илјади долари за да држи говори.

Правниот аналитичар на Си Ен Ен, Пол Калан, во еден од првите коментари на најновите информации, изјави дека имунитетот најчесто се бара во случај кога сведокот има нешто многу конкретно да им понуди на истражителите, а тоа најчесто се информации за некое трето лице.

Русија Трамп Флин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.